Архива за: ЗЈОРМ

На 07.09.2017 година се одржа работна средба помеѓу Претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Спасенка Андонова и Претседателот на Комората на медијатори М-р Славе Младеновски, како и членовите на Управниот одбор на Комората, М-р Гордана Атанасова и Александар Крстев.
Средбата, беше со цел воспоставување на темели за идна соработка и унапредување на можностите за заедничко дејствување, во области од меѓусебен интерес. Во оваа насока, се дискутираше како за функционирањето на Здружението и Комората и најдобрите практики при спроведувањето на досегашните проекти, така и за идејни решенија за областите кои се во заеднички фокус, особено земајќи ги во предвид аспектите поврзани со постапувањето на јавните обвинители согласно Законот за кривичната постапка и можностите на медијаторите, како и потребите на постапката за медијација, предвидени во Законот за медијација.
Присутните, ги поздравија меѓусебните заложби за соработка, заклучувајќи дека истата ќе придонесе за развој и унапредување на ЗЈОРМ и Комората на медијатори, од една страна и на ефикасноста на кривичната постапка, од друга страна.
22047513_10209705241339489_646401266_o

Напишано на: 26/09/2017 | Од: | Нема коментари »

На 13.07.2017 година, во Домот на правниците на Република Бугарија, одржана е работна средба помеѓу претставници на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Бугарија.

Истата се одржа со цел размена на основни податоци за поставеноста, организацијата и целите на двете Здруженија како асоцијации на јавните обвинители. На средбата беше дискутирано за тековните активности на двете здруженија, а беа разменети и искуства во поглед на начинот и изворот на средства за спроведување и финансирање на проекти. Претставниците на Бугарското здружение на јавни обвинители споделија информации околу публикациите кои ги издава ова здружение, а воедно од двете страни беше нагласена потребата од остварување на заедничка средба во најскоро време заради меѓусебно запознавање на членовите на здруженијата и размена на искуства во насока на зајакнување на позициите на членството.

Приликата се искористи да се разгледаат и можностите за зајакнување и унапредување на меѓусебната соработка, при што се договорени конкретни активности за нејзино остварување во претстојниот период.

Напишано на: 26/07/2017 | Од: | Нема коментари »