[layerslider id="1"]

Ев. бр. 25/2012

Скопје, 28.09.2012 година

Почитувани членови на здружението на јавните обвинители

Оваа година, 2012, Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, покрај годишно имаше и изборно собрание. Мандатот од три години за сегашниот состав на извршниот одбор измина. За таа цел Извршниот одбор на здружението на 15.05.2012 година се состана и донесе одлука за организирање и одржување на овогодишно изборно собрание и тоа од проширен состав.

Изборното собрание заседаваше на пленарна седница, а право на присуство и право на глас имаа сите членови на здружението.

Преку подготвените и јавно прикажани годишни извештаи, презентирана е работата на здружението, а преку тоа и работата на Извршниот одбор за изминатите три години. Притоа довербата што овој состав на Извршниот одбор ја имаше е оправдана преку бројни остварени средби, состаноци, организирани и реализирани тркалезни маси, семинари, конференции. Добрата соработка со претставници како од владини така и од невладини организации и понатаму е пракса која успешно беше реализирана, за таа цел остварени се состаноци со истите. Како резултат на таа успешна соработка зружението учествуваше во организирање и реализирање на доста значајни проекти, од кои произлегоа значајни заклучоци и сугестии за теми и прашања кои ја засегаат јавнообвинителската професија. Извештаите што до сега беа презентирани на годишните собрание се достапни на нашата веб страна.

Изборното собрание се одржа на 21.09.2012 година, во хотел Континентал во Скопје. Присутни беа членови на здружението од целата територија на Република Македонија. Од спроведеното гласање, од страна на кандидационата комисија беше утврдено дека за членови на новиот состав на Извршниот одбор се избрани, Марко Зврлевски, Основен јавен обвинител на Основно јавно

обвинителство Скопје, Спасенка Андонова, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Валентина Стојановска, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, Славица Темелковски, Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Велес, Трајче Пеливанов, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, Анита Тополова Исајловска, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, Бурим Рустеми, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Куманово, Татјана Кацарова, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Штип, Стевчо Донев, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани, Дамчо Кочоски, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Прилеп, Димче Пажески, Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола, Љупчо Коцевски, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар, Ханефи Амети, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Тетово.

Извршниот одбор од своите редови за претседател го избра Марко Зврлевски, за потпретседател се избрани Димче Пажески и Бурим Рустеми, за секретар е избрана Спасенка Андонова, за благајник на здружението е избрана Анита Тополова Исајловска.

Воедно новиот Извршен одбор ги поканува сите членови да изразат интерес за вклучување во постоечките комисии, Комисија за меѓународна соработка, Комисија за едукација, Комисија за издавачка дејност и Статутарна комисија. Пријавата да се достави до канцеларијата на здружението, на нашата е-маил адреса или на телефон преку правниот соработник Ана Гоговска на 072 209 592, најдоцна до 01.11.2012 година. По формирање на истите официјално ќе бидете известени.

 

Здружение на јавните обвинители на

Република Македонија

Претседател,

Марко Зврлевски

Напишано на: 02/10/2012 | Од: | Нема коментари »