[layerslider id="1"]

1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат основањето, надлежноста, организацијата, функционирањето и укинувањето на јавното обвинителство, основите и постапката за именување, разрешување и престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија, основите за избор, разрешување и за престанок на функцијата јавен обвинител, дисциплинската постапка за јавните обвинители, оценувањето на работата на јавните обвинители, како и други прашања во врска со работата на јавното обвинителство.

Член 2

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.

Член 3

Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Прочитајте го целиот текст: Нацрт скица на Закон за Јавното обвинителство, изготвен од работна група на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија

Напишано на: 25/09/2013 | Од: | Нема коментари »