[layerslider id="1"]

Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, во соработка и со поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасадата на САД на 27 и 28 јуни 2016 година организираа Конференција на тема Алтернативи на казната затвор: Општокорисна работа и останати алтернативни мерки– Закон за пробација.
DSC00316 namalena
На средбата, на која присуство остварија јавни обвинители, јавнообвинителски службеници, судии, адвокати, претставници на Министерството за правда, Управата за извршување на сакнции, Центарот за социјална работа и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, се говореше за законодавната рамка со која се регулира пробацискиот систем во Република Македонија, улогата на институциите вклучени во процесот на спроведување на сите алтернативни мерки предвидени во Кривичниот законик, очекувањата и преземените активности во насока на ефикасна практична примена на новиот Закон за пробација која ќе започне на 01.11.2016 година, како и за потребата од поинтензивна примена на алтернативите на казната затвор заради подобра ресоцијализација и реинтеграција на сторителите на кривични дела, каде тоа е возможно почитувајќи ги релевантните законски одредби.
На присустните се обратија Г-ѓа Спасенка Андонова, претседател на ЗЈОРМ и Г-дин Филип Јанически, претставник на ИНЛ програмата при Американската Амбасада во Скопје, кои го истакнаа меѓусебното задоволство од континуираната реализација на проекти кои се во фокусот на правната јавност, за иницијативите за следење на актуелностите и новините во целокупниот правен систем, во насока на воспостапување на подобар механизам на постапување преку зголемена меѓуинституционална координација и соработка.
На овој настан, воедно присуствуваше и Г-дин Енди Стелман, Експерт за прашања поврзани со условна казна на ИПА 2010, Проект за поддршка на судството и промоција на пробациската служба и алтернативни санкции, кој ги претстави своите искуства во оваа област, предностите, придобивките, финансиските импликации од примената на алтернативните мерки, во услови кога тоа е законски дозволено, наспроти изрекувањето на казна затвор.

Напишано на: 29/07/2016 | Од: | Нема коментари »