[layerslider id="1"]

Почитувани членови на здружението

Ви се обраќам по повод проектот “Независноста на судството и развој на практични алатки релевантни за новата кривичната постапка”, кој доаѓа во завршна фаза. Проектот е во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Одделот за владеење на право. Истиот започна така што на веб страната на здружението сите членови беа повикани да дадат активно учество.
На повикот се јавија девет членови од целата територија на републиката и сите девет беа прифатени како членови на работната група.
Главна цел на проектот, “Независноста на судството и развој на практични алатки релевантни за новата кривичната постапка”, е како идни можности да бидат изготвени предлог критериуми, кои ќе бидат разгледани од надлежните институции, а кои во иднина би можеле да влијаат на јавнообвинителската функција и нејзиното законито, непристрасно и објективно вршење и заштита на човековите права и слободи, донесување одлука во врска со распоредувањето на јавните обвинители на пооделни работи внатре во јавното обвинителство, за избор на јавните обвинители во повисоките јавни обвинителства, како и за избор на јавни обвинители на јавните обвинителства.
Овој проект, односно резултатите од предлог проектот, нацрт правилникот, ќе биде само основа за размислување на надлежните институции. Предлог правилникот го гледаме како основа за афирмирање на јавнообвинителската функција.
Самиот предлог правилник е поставен на веб страната на здружението за да сите членови го прочитаат и дадат свои забелешки и размислувања кон истиот. Со уште една напомена дека не е правилник на институцијата јавно обвинителство, туку размисла на здружението. За да го симнете и прочитате предлог правилникот кликнете на копчето подоле.
[wpdm_file id=7]
Со почит

Здружение на јавните обвинители во
Република Македонија
Претседател,
Марко Зврлевски

 

Напишано на: 23/11/2012 | Од: | Нема коментари »