[layerslider id="1"]

Ев бр.27/13
Скопје, 14.03.2013 година

Почитувани членови

Здружението на Јавните обвинители во Република Македонија во соработка со Мисија на ОБСЕ во Скопје има во план имплементација на проект за подготовка на основни стандарди и критериуми за спогодување за вина.

Препораките се со цел постигнување на унифицирана практична примена на насоките за казнената политика, кои понатаму ќе послужат како упатства за сите засегнати страни. Во овој дел документот може да биде изготвен како насока, препорака, или друг подзаконски акт, кој понатаму ќе биде предмет на доработување и измени во смисла на подобрување на неговиот опсег согласно понатамошната практична примена на спогодувањето и искуствата и предизвиците стекнати при овој процес.
За таа цел планирано е формирање на мешана работна група составена од 5 судии, 5 јавни обвинители, 2 адвокати и 1 професор по право кои ќе бидат ангажирани за определен временски период.

Стратешки партнери на здружението во рамки на проектот се Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРМ), Врховниот суд на Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Сите заинтересирани членови на здружението да испратат своја биографија на адреса на здружението најдоцна до 18 Март 2013 година. За извршениот избор благовремено ќе бидат известени избраните членови.

Со почит

Здружение на јавните обвинители
во Република Македонија
Претседател
Марко Зврлевски

Напишано на: 15/03/2013 | Од: | Нема коментари »