[layerslider id="1"]

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој закон се уредуваат статусот, правата, должностите, одговорностите на јавнообвинителската служба, системот на плати и надоместоци на плати на јавнообвинителската служба.

Член 2
Јавнообвинителската служба ја сочинуваат јавнообвинителските службеници вработени во јавните обвинителства и лицата вработени во јавните обвинителства кои вршат технички и помошни работи и јавнообвинителската полиција.

Јавнообвинителската служба ја сочинуваат и стручните лица вработени во јавните обвинителства за вршење на стручни работи поврзани со следење, откривање и истражување на криминалитетот.

Член 3
Јавнообвинителски службеник е лице кое во јавните обвинителства врши стручни, административно-технички, извршни, статистички, материјално-финансиски работи и информатички работи, во согласност со закон. Јавнообвинителските службеници правата од работен однос ги остваруваат согласно со овој закон, колективните договори и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос.

Јавнообвинителски службеник се и стручните лица вработени во јавните обвинителства кои вршат стручни работи поврзани со следење, откривање и истражување на криминалитетот.

Лицата вработени во јавните обвинителства кои вршат технички и помошни работи немаат статус на јавнообвинителски службеници и за нив важат општите прописи за работните односи.

Јавнообвинителеска полиција е служба која ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во јавните обвинителства. Јавнообвинителската полиција правата од работен однос ги остварува согласно со овој закон, колективните договори и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос.

Член 4
Јавнообвинителските службеници работите утврдени со закон ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, професионалност, одговорност, ефикасност, економичност и транспарентност.

Член 5
При вработувањата во јавните обвинителства се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

Член 6

Јавнообвинителските службеници во зависност од службените задачи што ги извршуваат се класифицираат во следниве групи и звања:

I Генерален секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија
II Раководни јавнообвинителски административни службеници
III Стручни јавнообвинителски службеници и
IV Административно-технички јавнообвинителски службеници.

Раководни јавнообвинителски административни службеници се:
-Шеф на кабинетот на Јавниот обвинител на Република Македонија;
-Самостоен советник за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија;
-Секретар во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и
Корупција;
- Секретар во вишите јавни обвинителства;
- Секретар во основните јавни обвинителства со над седум јавни обвинители;
- Раководител на сектор;
- Раководител на одделение.

Стручни јавнообвинителски службеници се:
- Виш стручен јавнообвинителски советник;
-Стручен јавнообвинителски советник ;
- Стручен јавнообвинителски соработник;
- Помлад стручен јавнообвинителски соработник.

Административно-технички јавнообвинителски службеници се:
– Самостоен јавнообвинителски советник;
- Јавнообвинителски советник;
- Виш јавнообвинителски референт;
- Јавнообвинителски референт;
- Помлад јавнообвинителски референт,

(Поделбата на јавнообвинителските службеници е извршена согласно основните уставни принципи врз кои е дефиниран овој државен орган, a чија основна функција ја спроведуваат јавните обвинители. Во спорведувањето на функцијата на јавните обвинители само стручните јавнообвинителските службеници учествуваат со директно инволвирање во извршувањето на јавнообвинителската фукнкција, и тоа преку постапување по конкретни јавнообвинителски предмети во сите инстанци на постапката. Функцијата на стручните јавнообвинителски службеници не претставува само техничко изработување на одделен дел од постапката, туку претпоставува целосно инволвирање во донесувањето на крајната јавнообвинителска одлука. Како државен орган, Јавното обвинителство претпоставува потреба од кадар кој со својот делокруг на работни задачи ќе ја остварува неговата цел. Притоа, претпоставките за степенот на образованието и дополнителните едукации се целосно поврзани со овој вид на вработени и основ за понатамошно екипирање на обвинителствата, во делот на изборот на функционери. Впрочем, како што и понатаму низ законот може да се види за разлика од другите државни органи во кои приправниците со високо образование потребно е да положат приправнички испит за да станат државни службеници, во овој државен орган тие правила не важат, односно работниот однос на приправниците од групата на стручни јавнообвинителски службеници ќе им престане доколку истите не положат правосуден испит. Поради сите овие причини, поделбата направена на групи и звања, како и утврдените бодови за звања, се само приказ на работните задачи кои ги извршуваат нивните одговорности. Впрочем, поради видот на овој државен орган и неговата организација, компилацијата на различни кадри не може да се систематизира во универзален систем на вредности кои би ги дефинирале звањата на јавнообвинителските службеници.
Останатите вработени својот делокруг на работење го поврзуваат со логистичка подршка за остварување на основната цел. Оваа дистинкција не претставува дерогирање на дел од вработените, туку дефинирање на основните, секундарните и терцијалните вработени кои учествуваат во просецот на функционално остварување на основниот работен процес во јавното обвинителство.)

Член 7

Генералниот секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија, јавнообвинителските службеници од групата на раководни јавнообвинителски административни службеници и стручните јавнообвинителски службеници треба да имаат заокружено високо образование – VII/1 степен (четиригодишни студии пред воведувањето на ЕКТС системот) или стекнати 300 кредити според ЕКТС системот.

Јавнообвинителските службеници од групата на административно-технички јавнообвинителски службеници и тоа со звања: самостоен јавнообвинителски советник и јавнообвинителски советник треба да имаат заокружено високо образование – VII/1 степен (четиригодишни студии пред воведувањето на ЕКТС системот) или стекнати 300 кредити според ЕКТС системот.

Јавнообвинителските службеници од групата на административно-технички јавнообвинителски службеници и тоа со звања: виш јавнообвинителски референт, јавнообвинителски референт и помлад јавнообвинителски рефернт треба да имаат стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС системот или завршено вишо образование пред воведувањето на ЕКТС системот или средно образование.

Описот на звањата и бројот на јавнообвинителски службеници, на вработените кои вршат технички и помошни работи и внатрешната организација во јавните обвинителства ги пропишува со акт Јавниот обвинител на Република Македонија.

Совет на јавнообвинител јавнообвинителска служба
Член 8
Заради остварување и заштита на правата на јавнообвинителските службеници се формира Совет на јавнообвинителска служба (во натамошниот текст: Совет), со седиште во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Членови на Советот по функција се: генералниот секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија, секретарите на вишите јавни обвинителства, секретарот на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и секретарите на основните јавни обвинителства со над седум јавни обвинители.

Член на советот кој одлучувал во прв степен се иззема при донесување на одлуките.

Претседател на Советот е генералниот секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Членовите на Советот избираат еден член кој во период од една година ќе ја извршува функцијата заменик претседател.

Заменик претседателот го менува претседателот во услови на негово отсуство, спреченост или изземање.

Член 9
Советот ги врши следниве работи:
- одлучува во втор степен по жалби и приговори поднесени против одлука за избор на кандидат по објавен јавен оглас, одлука за избор на јавнообвинителски службеник на интерен оглас и престанок на работен однос во јавнообвинителската служба;
- одлучува во втор степен по одлуки за утврдување на дисциплинска одговорност и
- одлучува во втор степен по жалби и приговори на одлуки за остварување права од работен однос во јавнообвинителска служба.

Член 10

Работите од своја надлежност Советот ги разгледува и за нив одлучува на седница.

Претседателот на Советот ги свикува седниците и со нив раководи. Доколку претседателот е изземен од постапување, со седницата ќе раководи неговиот заменик.

Седницата може да се одржи доколку минимум седум члена на Советот се присутни.

Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови.

Деловодникот за работа на Советот го носи Јавниот обвинител на Република Македонија.

Стручно-административните работи за Советот ги врши одделение во состав на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Генерален секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија

Член 11
Генералниот секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија во понатамошниот текст(генерален секретар) :
– раководи со вработените во Јавното обвинителство на Република Македонија,
– ја координира и насочува работата на стручните служби во другите јавни обвинителства,
- му помага на Јавниот обвинител на Република Македонија во вршењето на работата од јавнообвинителската служба,
- одлучува за права, обврски и одговорности на вработените во Јавното обвинителство на Република Македонија, освен за шефот на кабинетот на Јавниот обвинител на Република Македонија и за самостојниот советник за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Секретар

Член 12
Секретарот:
- раководи со вработените во јавното обвинителство,
- му помага на јавниот обвинител во вршењето на работите од јавнообвинителската служба и
- одлучува во постапка за вработување и престанок на работен однос во јавното обвинителство.

II. ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 13
Во јавнообвинителската служба може да се вработи лице кое ги исполнува општите и посебни услови.

Општи услови се:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здраствена способност и
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови се:
- да има соодветно образование согласно со членот 7 на овој закон и актот за систематизација на работните места,
- да го има потребното работно искуство во струката, утврдено со актот за систематизација на работните места и
- други услови утврдени во актот за систематизација на работните места.

При вработувањето се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Член 14
Слободно работно место во јавнообвинителска служба се пополнува преку следните постапки:
- Генералниот секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија го именува Јавниот обвинител на Република Македонија;
- објавување на јавен оглас за вработување во јавнообвинителска служба;
- објавување на интерен оглас за вработување на јавнообвинителски службеник;
- преземање на јавнообвинителски службеник од едно во друго јавно обвинителство на работно место во исто звање;
-распоредување на јавнообвинителскиот службеник во истото јавно обвинителство на друго работно место во исто звање и
– преземање и распоредување од судови, органи на државна управа, државни органи и други државни институции.

Член 15
Барањето за пополнување на работно место јавниот обвинител на јавното обвинителство го доставува до Јавното обвинителство на Република Македонија.

Јавното обвинителство на Република Македонија по утврдувањето на основаноста на барањето на јавното обвинителство, во рок од 15 дена по приемот на барањето, на јавното обвинителство коe го поднелo барањето ќе му даде согласност за пополнување на слободно работно место.

Јавното обвинителство на Република Македонија ќе го одбие барањето на јавното обвинителство за пополнување на слободно работно место, ако не се обезбедени финансиски
средства.

Именување на Генерален секретар

Член 16
За генерален секретар може да се именува лице кои ги исполнува општите и посебните услови од чл.13 на овој закон.

Со истекот на мандатот на Јавниот обвинител на Република Македонија, престанува и мандатот на Генералниот секретар.

Лицето избрано за генерален секретар согласно закон му мирува правото од работен однос од работното место од каде што доаѓа.

Генералниот секретар по истекот на мандатот во рок 30 дена има право да се врати на работното место од каде што бил именуван.

Јавен оглас

Член 17
Јавниот оглас за избор на јавнообвинителски службеник се објавува во најмалку два дневни весници, од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и на интернет страницата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Јавниот оглас во весниците го објавува јавното обвинителство во кое се врши вработувањето, а на интернет страницата го објавува Јавното обвинителство на Република Македонија.

Рокот за пријавување на објавениот оглас не може да биде пократок од пет дена од денот на неговото објавување.

Потребните документи кандидатите ги доставуваат до јавното обвинителство во кое се врши вработувањето.

Член 18
Јавниот обвинител на јавното обвинителство во кое се врши вработувањето формира Комисија за вработување по јавен оглас, составена од три члена, и тоа:
- Еден стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавнообвинителски службеник со исто звање како работното место за кое е распишан јавниот оглас, односно доколку нема од редот на стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавен обвинител од јавното обвинителство во кое се врши вработувањето.

Член 19
По завршувањето на рокот за пријавување, Комисијата од член 18 на овој закон, врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас.

За кандидатите кои уредно се пријавиле на јавниот оглас се спроведува испит во рок од 15 дена.

Испитот се состои од два дела и тоа писмен дел и интервју со кандидатите.

Формата, содржината и начинот на спроведување на писмениот дел ја определува со акт Јавниот обвинител на Република Македонија.

Интервјуто се спроведува со десет најуспешни кандидати кои го положиле писмениот дел од испитот, доколку нема десет најуспешни кандидати интервјуто се спроведува со сите кандидати кои го положиле писмениот дел. Интервјуто мора да биде закажано најдоцна во рок од осум дена од денот на завршувањето на испитот.

По завршеното интервју, Комисијата од член 18 на овој закон, во рок од пет дена составува ранг-листа од петте најуспешни кандидати која му ја доставува на генералниот секретар, односно секретарот. Во јавните обвинителства во кои нема секретар ранг-листата се доставува до јавниот обвинител на избор.

Член 20
По исклучок, кандидатот кој се вработува на работно место со звање помлад стручен јавнообвинителски соработник и помлад јавнообвинителски референт не го полагаат писмениот дел од испитот за јавнообвинителскиот службеник.

Член 21
Генералниот секретар, односно секретарот или јавниот обвинител во рок од пет дена по приемот на ранг-листата носи одлука за изборот на еден од петте кандидати.

За избор на шеф на кабинетот на Јавниот обвинител на Република Македонија и за самостоен советник за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката за избор ја носи Јавниот обвинител на Република Македонија, а за секретар одлуката ја носи јавниот обвинител на соодвeтното јавно обвинителство.

Во јавните обвинителства во кои нема секретар, одлуката ја носи јавниот обвинител.

Ако во рокот од став 1 на овој член, не се донесе одлуката за избор на кандидат кој ги исполнува условите од член 13 на овој закон, нова постапка за вработување на јавнообвинителски службеник на истото работно место не може да се спроведе пред истекот на 30 дена од денот на истекот на рокот од став 1 на овој член.

Член 22
Избраниот кандидат во рок од пет дена од денот на приемот на известувањето за извршениот избор на кандидат е должен да достави докази за исполнување на општите и посебните услови од членот 13 на овој закон.

Ако избраниот кандидат не ги исполнува општите и посебните услови од членот 13 на овој закон, постапката за избор се повторува за следните четворица кандидати од ранг-листата.

Ако и следните четворица кандидати не ги исполнуваат условите, постапката за вработување на јавнообвинителски службеник се повторува.

Член 23
Избраниот кандидат за работното место со звања помлад стручен јавнообвинителски соработник и помлад јавнообвинителски референт, се вработуваат како приправници.

Приправничкиот стаж за помлад стручен јавнообвинителски соработник, изнесува најмногу 24 месеци, односно до стекнување на право за полагање на правосуден испит согласно Закон.

Приправничкиот стаж за помлад јавнообвинителски референт изнесува шест месеца.

Приправникот – помлад јавнообвинителски рефернт го полага приправничкиот испит во рок од 15 дена пред истекот на приправничкиот стаж.

Формата, содржинаtа и начинот на полагање на испитот го пропишува со акт Јавниот обвинител на Република Македонија.

Приправникот од ст.2 кој го положил правосудниот испит се стекнува со статус стучен јавнообвинитески соработник.

Приправникот од ст.3 кој го положил приправничкиот испит се стекнува со статус јавнообвинителски референт.

На приправникот од ст.2 и 3 кој не го положил правосудниот испит, односно приправничкиот испит му престанува вработувањето во јавнообвинителската служба.

Член 24
Против одлуката од член 21 на овој закон кандидатот кој не е избран има право на жалба, преку јавното обвинителство што го објавило јавниот оглас, до Советот во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за извршениот избор.

Јавното обвинителство е должно во рок од три дена да ја достави до Советот жалбата и одговорот на жалбата.

Советот одлучува во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.

Жалбата го одлага извршувањето на одлуката.

По завршувањето на постапката за избор, Јавниот обвинител на Република Македонија, односно јавниот обвинител на јавното обвинителство носи решение за вработување на јавнообвинителски службеник.

Интерен оглас

Член 25
Јавното обвинителство, кое има потреба од пополнување на слободно работно место, може да објави интерен оглас за вработување на јавнообвинителски службеник (во натамошниот текст: интерен оглас).

Интерниот оглас може да се спроведува за пополнување на работни места во сите звања, освен во звањата помлад стручен јавнообвинителски соработник и помлад јавнообвинителски референт.

Интерниот оглас се објавува на интернет-страницата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Рокот за пријавување на интерниот оглас не може да биде пократок од пет дена од денот на неговото објавување.

Член 26
Право да се пријави на интерен оглас има секој јавнообвинителски службеник, кој ги исполнува посебните услови за работното место, утврдени во актот за систематизација на работните места, како и :
- да бил оценет со оцена „се истакнува“ или „задоволува“ за работењето во последната година пред објавувањето на интерниот оглас;
- да поминал најмалку една година во непосредно пониско звање од звањето за кое е објавен интерниот оглас и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.

Член 27
Заинтересираниот јавнообвинителски службеник по објавениот интерен оглас доставува пријава до јавното обвинителство во кое се врши вработувањето.

Формата и содржина на пријавата од став 1 со акт ја пропишува Јавниот обвинител на Република Македонија.

Член 28
Јавниот обвинител на јавното обвинителство во кое се врши вработувањето формира Комисија за вработување по јавен оглас, составена од три члена, и тоа:
- Еден стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавнообвинителски службеник со исто звање како работното место за кое е распишан јавниот оглас, односно доколку нема од редот на стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавен обвинител од јавното обвинителство во кое се врши вработувањето

Член 29
По завршувањето на рокот за пријавување, Комисијата од член 28 на овој закон, врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во интерниот оглас и спроведува интервју кое се состои од прашања од надлежност на јавното обвинителство и описот на работното место согласно со актот за систематизација на работните места, за кое е распишан интерниот оглас.

Член 30
По завршеното интервју, Комисијата од членот 28 во рок од три дена од денот по спроведување на интервјуто, составува ранг-листа од трите најуспешни јавнообвинителски службеници, која ја доставува до генералниот секретар, односно секретарот, кој врши избор.

Во јавните обвинителства во кои нема секретар ранг-листата се доставува и изборот го врши јавниот обвинител.

Генералниот секретар, односно секретарот во рок од пет дена по приемот на ранг-листата носи одлука за изборот на еден од тројцата кандидати.

За избор на шеф на кабинетот на Јавниот обвинител на Република Македонија и за самостоен советник за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката за избор ја носи Јавниот обвинител на Република Македонија, а за секретар одлуката ја носи јавниот обвинител на соодвтеното јавно обвинителство.

Во јавните обвинителства во кои нема секретар, одлуката ја носи јавниот обвинител.

Ако во рокот од став 3, не се донесе одлуката за избор на кандидат кој ги исполнува условите од член 26 на овој закон, нова постапка за вработување на јавнообвинителски службеник на истото работно место не може да се спроведе пред истекот на 30 дена од денот на истекот на рокот од став 3.

Член 31
Избраниот јавнообвинителски службеник во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за извршениот избор е должен до Комисијата да достави докази за исполнување на посебните услови од членот 26 на овој закон.

Ако избраниот јавнообвинителски службеник не ги исполнува посебните услови од членот 26 на овој закон, постапката за избор се повторува за следните двајца кандидати од ранг-листата.

Ако и следните двајца кандидати не ги исполнуваат условите, постапката за вработување на јавнообвинителски службеник на интерен оглас се повторува.

Член 32
Против одлуката за избор од членот 30 на овој закон незадоволниот јавнообвинителски службеник има право на жалба преку јавното обвинителство за чии потреби бил објавен интерниот оглас, до Советот во рок од осум дена од денот на приемот на писменото известување за извршениот избор.

Јавното обвинителство е должно во рок од три дена да ја достави до Советот жалбата и одговорот на жалбата.

Советот одлучува во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.

Жалбата го одлага извршувањето на одлуката.

По завршувањето на постапката за избор, Јавниот обвинител на Република Македонија, односно јавниот обвинител на јавното обвинителство носи решение за вработување на јавнообвинителски службеник.

Член 33
Јавниот обвинител на Република Македонија со акт ќе го утврди начинот за селекција и вработување на јавнообвинителските службеници на јавен и интерен оглас.

Преземање на јавнообвинителски службеник во друго јавно обвинителство на работно место во исто звање

Член 34
Јавнообвинителски службеник со негова согласност може да се вработи без јавен или интерен оглас од едно во друго јавно обвинителство, ако за тоа се согласат јавните обвинители, по претходна согласност од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Јавнообвинителски службеник може да се вработи само на работно место со исто звање.

Распоредување во истото јавно обвинителство на друго работно место во исто звање

Член 35
Јавнообвинителски службеник може да се распореди без јавен или интерен оглас во истото јавнообвинителство, по претходна согласност од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Јавнообвинителски службеник може да се распореди само на работно место со исто звање.

Пополнување на привремено слободно работно место и засновање работен однос на определено време и засновање работен однос на определено време

Член 36
Пополнување на привремено слободно работно место се врши по претходно известување од соодветниот јавен обвинител до Јавното обвинителство на Република Македонија, со кое ќе го извести за отсуството на јавнообвинителскиот службеник и за потребата од привремено засновање на работен однос на определено време, а во случај кога:
- јавнообвинителскиот службеник се наоѓа на подолго боледување согласно со закон (поради болест или породилно отсуство);
- јавнообвинителскиот службеник се наоѓа на стручно усовршување;
-јавнообвинителскиот службеник се наоѓа на неплатено отсуство и
– на јавнообвинителскиот службеник му мирува работниот однос.

Јавниот обвинител на Република Македонија носи одлука со која одобрува или одбива отпочнување на постапка за привремено пополнување на слободно работно место.

Распоредување на јавнообвинителски службеник

Член 37
Генералниот секретар, односно секретарот врши распоредување на вработените од групата на административно-технички јавнообвинителски службеници на соодветните работни места за кои ги исполнуваат условите утврдени со актот за систематизација на работните места во јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Република Македонија, односно јавните обвинители на јавните обвинителства вршат распоредување на вработените од групата на стручни јавнообвинителски службеници на соодветните работни места за кои ги исполнуваат условите утврдени со актот за систематизација на работните места во јавното обвинителство.

Во јавните обвинителства во кои нема секретар, распоредувањето од став 1 го врши јавниот обвинител на јавното обвинителство.

Преземање од судови, органи на државна управа, државни органи и други државни институции државни органи и други државни институции

Член 38
Слободното работно место во јавно обвинителска служба може да се пополнува со преземање и распоредување од судови, органи на државната управа, државни органи и други државни институции.

Преземањето и распоредувањето се врши на работни места кои одговараат на звањата од каде што доаѓаат вработените.

Вработените со нивна согласност можат да се вработат без јавен или интерен оглас од органите и институциите во јавните обвинителства, ако за тоа се согласат раководителите на соодветниот државен орган, а по претходна согласност од Јавното обвинителство на Република Македонија.

III. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 39
Вработениот во јавнообвинителската служба има право на:
1) плата на начин утврден со овој закон, како и право на други надоместоци што произлегуваат од работниот однос;
2) платен одмор и отсуство од работа утврдено со закон или друг пропис;
3) стручно и професионално усовршување;
4)основање или зачленување во синдикат или друго здружение согласно
со Уставот и законите и
5) штрајк согласно со овој закон.

Работно време

Член 40
Работното време изнесува 40 часа во работната недела (полно работно време) согласно со закон.

Паузи, одмори и отсуства

Член 41
Во текот на работното време вработениот во јавнообвинителската служба кој работи со полно работно време има право на пауза согласно со закон.

Член 42
Вработените во јавнообвинителската служба имаат право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена.

Повозрасен вработен, инвалид, вработен со најмалку 60% телесно оштетување и вработен кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор.

Член 43
Вработениот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец работа, ако :
1) во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал
со правото на целосен годишен одмор и
2) му престанал работниот однос пред изминувањето на рокот, по истекнувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.

Член 44
Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година.

Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена.

Првиот дел од годишниот одмор се користи до крајот на тековната година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Член 45
Годишниот одмор за јавнообвинителските службеници се утврдува според следните критериуми :
За образование на основицата се додаваат :
- за високо образование три работни дена
- за вишо образование два работни дена
- за средно образование еден работен ден

За работен стаж на основицата се додаваат :
- од еден до десет години работен стаж еден работен ден
- од десет до 15 години работен стаж два работни дена
- од 15 до 25 години работен стаж три работни дена
- над 25 години работен стаж четири работни дена

Платено отсуство

Член 46
Вработените во јавнообвинителската служба имаат право на платено отсуство од работа и тоа во следниве случаи за:
- склучување на брак на вработен во јавнообвинителската служба – 3 дена,
- склучување брак на деца – 2 дена,
- раѓање на дете – 2 дена,
- посвојување на дете – 2 дена,
- смрт на сопружник или дете – 5 дена,
- смрт на родител, брат, сестра – 2 дена,
- смрт на родител на сопружник – 2 дена,
- смрт на дедо или баба – 1 ден,
- полагање на стручен испит за потребите на јавното обвинителство – 3 дена,
- селидба од едно во друго место – 2 дена,
- селидба во исто место – 1 ден и
- елементарни непогоди 3 дена.

Неплатено отсуство

Член 47
Вработениот во јавнообвинителската служба има право да отсуствува од работа без надоместок на плата и придонеси од плата, но најдолго три месеца во текот на календарската година, и тоа за:
-вршење на неодложни лични и семејни работи,
-нега на член на семејство кој е тешко болен,
- посета на член на потесно семејство во странство,
- изградба или реновирање на стан или семејна куќа,
- лекување на јавнообвинителскиот службеник на негов трошок,
- учество на културни и спортски манифестации,
- полагање на правосуден испит,
- учество на семинари, работилници и конгреси во земјата и странство и
- патување во странство.
Барањето за користење на неплатено отсуство, со образложение, се поднесува до генералниот секретар, односно секретарот на јавното обвинителство или јавниот обвинител во јавните обвинителства во кои нема секретар.

Генералниот секретар, односно секретарот или јавниот обвинител во обвинителство во кое нема секретар, во рок од пет дена по поднесувањето на барањето е должен да донесе решение, водејќи сметка да не се наруши процесот на работа.

Против решението е дозволена жалба до Советот во рок од три дена.

Стручно усовршување

Член 48
Јавнообвинителскиот службеник има право и должност стручно да се оспособува и усовршува.

Континуираната обука за стручно усовршување на јавнообвинителските службеници е со цел стекнување и постојано унапредување и стручно усовршување на теоретски и практични знаења и вештини за квалитетно, стручно и ефикасно извршување на работите и работните задачи.

Мирување на работен однос

Член 49
На јавнообвинителскиот службеник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да ги извршува работите и работните задачи, му мирува работниот однос за време на вршењето на функцијата и има право во рок од 30 дена по престанувањето на вршењето на функцијата да се врати во јавното обвинителство од каде што заминал на вршење на функција.

Јавнообвинителскиот службеник по враќањето се распоредува на работното место од каде што заминал или пак на работно место кое е со исто звање како и звањето што го имал пред да започне мирувањето.

Член 50
На јавнообвинителскиот службеник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка или просветно-културна и научна соработка, во дипломатски конзуларни претставништва му мирува работниот однос и има право во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата во странство да се врати на работа во јавното обвинителство од каде што заминал во странство.

На јавнообвинителскиот службеник чиј брачен другар е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка или просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни претставништва, на негово барање му мируваат правата од вработување и има право во рок од 30 дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство да се врати во јавното обвинителство од каде што заминал во странство.

Јавнообвинителските службеници од ст.1 и 2, по враќањето се распоредува на работното место од каде што заминале или пак на работно место кое е со исто звање како и звањето што го имале пред да започне мирувањето.

Работа во услови на штрајк

Член 51
За време на штрајк на јавнообвинителските службеници, во јавното обвинителство се извршуваат работите во врска со вршењето на надлежноста на јавното обвинителство.

Во постапките за кои со закон е утврдено дека се итни, односно за работите кои според закон се нужни, јавото обвинителство е должно да работи и за време на штрајк.

Член 52
Заради непречено организирање на работата на јавното обвинителство и водење на евиденција на вработените за исплата на плата во услови на штрајк, јавнообвинителските службеници во јавното обвинителство писмено се изјаснуваат за нивното учество во штрајкот.

Јавнообвинителските службеници во јавното обвинителство кои учествуваат во штрајкот, не смеат за време на штрајк да го оневозможуваат и попречуваат тековното работење на јавното
обвинителство и на вработените кои не учествуваат во штрајкот и не смеат да го блокираат влезот и излезот на јавното обвинителство.

Должности на вработените во јавнообвинителската служба

Член 53
Вработениот во јавнообвинителската служба е должен да:
1) го почитува работното време;
2) ја врши својата работа професионално, совесно, одговорно, навремено и ефикасно согласно со Уставот на Република Македонија, законите и подзаконските акти;
3) ја врши својата работа непристрасно и без влијанија од политички партии;
4) не ги искажува и пропагира јавно своите политички убедувања на своето работно место и не ги злоупотребува своите верски уверувања;
5) ги извршува наредбите на јавниот обвинител, генералниот секретар, односно секретар и на своите претпоставени;
6) ја чува класифицираната информација и угледот на јавното обвинителство;
7) не прима подароци, паричен надоместок или каква било корист, повластување или услуга и
8) доколку на јавнообвинителскиот службеник согласно акт му се предвидени работни задачи, чие остварување значи контакт со надворешни лица, е должен да на видно место носи ознака за личното име во текот на работното време на работното место;
9) јавнообвинителскиот службеник има должност да дежура, доколку со посебен акт тоа е предвидено.

Член 54
Доколку вработениот во јавнообвинителската служба смета дека издадената наредба не е во согласност со Уставот на Република Македонија, законите, или друг пропис, ќе му укаже на тој што ја издал наредбата за нејзината незаконитост.

Доколку тој што ја издал наредбата ја повтори, вработениот во јавнообвинителската служба има право да побара писмен налог за извршување на наредбата, во кој се наведува идентитетот на тој што ја издал и прецизна содржина на наредбата.

Доколку наредбата е писмено издадена, вработениот во јавнообвинителската служба е должен да ја изврши, освен ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, во кој случај ќе го одбие извршувањето на наредбата и ќе го извести непосредно повисокиот претпоставен службеник од оној што ја издал наредбата, Советот и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ако вработениот во јавнообвинителската служба не го предупреди непосредно претпоставениот службеник дека наредбата е неуставна и незаконска и ја изврши наредбата, тој ќе одговара за нејзиното извршување, како и оној што ја издал наредбата.
Вработениот во јавнообвинителската служба не може да биде повикан на одговорност за укажувањето од ставот 1.

Член 55
Вработениот во јавнообвинителската служба за време на работното време не смее без одобрение на претпоставениот службеник да го напушта работното место надвор од јавното обвинителство, освен за време на паузата претходно утврдена со програмата за работа на јавното обвинителство, а во случај на итна и оправдана причина, своето оддалечување од работното место веднаш по враќањето на работа да го оправда кај генералниот секретар, секретарот или јавниот обвинител во обвинителствата каде што нема секретар.

Во случај на спреченост да дојде на работа, вработениот во јавнообвинителската служба е должен да го извести генералниот секретар, секретарот или јавниот обвинител во обвинителствата каде што нема секретар, за причините за недоаѓањето најдоцна во рок од 24 часа од изостанокот.

Член 56
Вработениот во јавнообвинителската служба не смее директно да учествува во политички изборни кампањи или други јавни настапи од таков вид во текот на работното време.

Вработениот во јавнообвинителската служба не смее да носи или да истакнува партиски симболи на работното место.

IV. СИСТЕМ НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 57
Вработениот во јавнообвинителската служба има право на плата и надоместоци од плата, која што одговара на неговото работно место според услови и критериуми утврдени со овој закон и видот на образование.

Платите и надоместоците од плата на вработените во јавнообвинителската служба се обезбедуваат од Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Член 58
Платата на јавнообвинителскиот службеник се состои од следниве компоненти:
- основна компонента и
- исклучителна компонента.
Основната компонента ја сочинуваат:
- основна плата,
- додаток на плата за звање и
- додаток на плата за кариера.
Исклучителната компонента ја сочинуваат:
- додаток на плата за посебни услови за работа и
- вонреден работен додаток на плата (прекувремена работа)
- додаток на плата за дежурства.

Член 59
Со основната плата која се исплатува на јавнообвинителскиот службеник се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование утврден со актот за систематизација за работните места, за работното место на кое тој е распореден и работното искуство.

Степенот на образование утврден за соодветната група во согласност со членот 6 од овој закон се вреднува, и тоа за:
- високо образование 200 бодови,
- вишо образование 150 бодови и
- средно образование 100 бодови.

На јавнообвинителските службеници кои покрај стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен е магистер на науки образованието му се вреднува со 225 бода, а доколку е доктор на науки образованието му се вреднува со 250 бода.

Работното искуство на јавнообвинителскиот службеник се вреднува во износ од 0,5% во делот на основната плата со која се вреднува образованието и додатокот на плата за звање, за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%.

(Вреднувањето на работното искуство е ставено на секоја започната, а не на секоја навршена година работен стаж, согласно чл.7 од Законот за платите на јавните обвинители)

Член 60
Додатокот на плата за звање се вреднува, и тоа за:
– генерален секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија 706 бода
- шеф на кабинетот на Јавниот обвинител на Република Македонија 661 бода
- самостоен советник за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија 596 бода
- секретар на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција 596 бода
- секретар во вишо јавно обвинителство 596 бода,
-секретар во основно јавно обвинителство 596 бода
- раководител на сектор 490 бода
- раководител на одделение 372 бода
- виш стручен јавнообвинителски советник 490 бода
-стручен јавнообвинителски советник 372 бода
- стручен јавнообвинителски соработник 325 бода
- помлад стручен јавнообвинителски соработник 260 бода
- Самостоен јавнообвинителски советник 325 бода
- јавнообвинителски советник 270 бода
- виш јавнообвинителски референт 246 бода
- јавнообвинителски референт 228 бода
- помлад јавнообвинителски референт 183 бода

Член 61
Секое звање од членот 6 на овој закон, освен генералниот секретар, има четири степени на кариера.

Јавнообвинителскиот службеник, освен генералниот секретар, стекнува степен на кариера со што се обезбедува професионален развој и вреднување на успехот и стручноста во неговото работење.

Јавнообвинителскиот службеник се стекнува со соодветен степен на кариера, и тоа во:
- степен А по три последователни оцени „се истакнува“ или „задоволува“,
– степен Б по три последователни оцени „се истакнува“ или „задоволува“ по стекнувањето со степен А,
– степен В по три последователни оцени „се истакнува“ или „задоволува“ по стекнувањето со степен Б и
– степен Г по три последователни оцени „се истакнува“ или „задоволува“ по стекнувањето со степен В.
Приправничкиот стаж не се засметува при стекнувањето со степен А на кариера.

Јавнообвинителскиот службеник кој ќе биде оценет со оцена „се истакнува“ два пати последователно може да биде унапреден во кариерата за една година порано од условите утврдени во ставот 3.

Член 62
Степенот на кариера обезбедува право на исплата на додаток на плата за кариера во соодветен процент од додатокот за звање, и тоа:
- степен А – 5%,
- степен Б – 10%,
- степен В – 15% и
- степен Г – 20%.

Начинот и условите за стекнување на правото за исплата на додаток за кариера ги пропишува Јавниот обвинител на Република Македонија.

( не се предвидува по претходна согласност на Министерството за финансии бидејќи правото на кариера на јавнообвинителските службеници е загарантирано право согласно Закон, поради што ваквото право не може да биде ограничено од страна на Министерството за финансии)

Член 63
За соодветниот степен на кариера јавнообвинителскиот службеник треба да има минимален работен стаж во јавнообвинителската служба, и тоа во :
- степен А, по три години работно искуство како јавен службеник службеник;
- степен Б, по три години работно искуство во степенот А;
- степен В, по три години работно искуство во степенот Б и
- степен Г, по три години работно искуство во степенот В.

Член 64
Вредноста на бодот се утврдува секоја година со одлука на Владата на Република Македонија.

Плати на лицата вработени во јавнитеобвинителства кои вршат технички и помошни работи

Член 65
Платите на лицата вработени во јавното обвинителство кои вршат технички и помошни работи се во рамките на платите утврдени за административно-техничките јавнообвинителски службеници во зависност од степенот на образование, работното место на кое се распоредени согласно со актот за систематизација и работното искуство.

Исклучителна компонента на платата на јавнообвинителскиот службеник

Член 66
Јавниот обвинител на Република Македонија донесува акт со кој регулираат основите, условите, начинот и висината по кои ќе се пресметува исклучителната компонента на платата.

Надоместоци на плата

Член 67
Вработените во јавнообвинителската служба имаат право на надоместоци од плата, и тоа:
– за патни, дневни и други трошоци за патувања во земјата и странство,
- трошоци за користење на сопствено моторно возило за службени патувања во земјата и странство,
- трошоци за превоз на јавнообвинителските службеници кои живеат во една, а работат во друга општина, во висина на вистинските трошоци во јавниот сообраќај,
- трошоци за одвоен живот од семејството, во висина утврдена согласно со Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија, како и надоместок за превоз за четири повратни патувања, од местото каде ги врши работните задачи, до местото каде што живее, во висина на автобуска карта, доколку не користи надоместок за одвоен живот,
- трошоци за селидба,
- трошоци за погреб на јавнообвинителскиот службеник или член на неговото потесно семејство (брачен другар, деца родени во брак или надвор од брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување) и
- во висина од една плата доколку користи боледување повеќе од шест месеца

Висината на надоместоците од овој член за секоја година се утврдуваат со законот за извршување на буџетот на Република Македонија.

Член 68
Јавнообвинителскиот службеник кој се наоѓа на боледување, има право на плата во висина утврдена во позитивните законски прописи од областа на здравственото осигурување.

За професионално заболување и повреда на работно место на јавнообвинителскиот службеник му се исплаќа плата во висина од 100%.

Член 69
Ако јавнообвинителскиот службеник е упатен на стручно оспособување и усовршување од страна на јавното обвинителство, му се исплаќа плата во висина од 100%.

V. ОДГОВОРНОСТ НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 70
Јавнообвинителските службеници се одговорни за вршењето на службените работи.

Дисциплинска одговорност

Член 71
За повреда на службената должност јавнообвинителските службеници одговараат дисциплински.
Одговорноста за сторено кривично дело, односно за прекршок не ја исклучува дисциплинската одговорност на јавнообвинителскиот службеник.

Член 72
Јавнообвинителскиот службеник одговара дисциплински за полесна и потешка дисциплинска повреда.

Полесна повреда на службената должност е:
1) недоаѓање на работа во определеното време и одење од работа пред истекот на работното време и покрај опомената од непосреднопретпоставениот јавнообвинителски службеник, генералниот секретар или секретарот;
2) неуредно чување на службените списи и податоци;
3) неоправдано недоаѓање на работа до два работни дена во текот на една календарска година;
4) неносење на ознаките со личното име;
5) одбивање на стручно оспособување и усовршување на коејавнообвинителскиот службеник се упатува и
6) непридржување на работното време, распоредот и користењето на работното време.

Член 73
За полесна дисциплинска повреда може да се изрече парична казна во висина од 10% од едномесечен износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на дисцилинската неуредност во траење од еден до три месеца.

Член 74
Потешка дисциплинска повреда е:
1) неизвршување или несовесно, непристојно, ненавремено или небрежно вршење на службената должност;
2) изразување и застапување на политичко уверување во вршењето на службените задачи;
3) одбивање да се даде или давање на неточни податоци на државните органи, правните лица и на граѓаните, доколку давањето на податоци е пропишано со закон;
4) незаконито располагање со материјалните средства;
5) одбивање на вршење на службените задачи од работното место на кое е распореден или одбивање на наредби од јавниот обвинител, генералниот секретар, секретарот или непосредно претпоставениот јавнообвинителски службеник;
6) непочитување на одредбите за работа во услови на штрајк;
7) непреземање или делумно преземање на пропишаните мерки за осигурување на безбедноста на доверените предмети;
8) предизвикување на поголема материјална штета;
9) повторување на полесна дисциплинска повреда;
10) примање на подароци или друг вид корист;
11) злоупотреба на статусот или пречекорување на овластувањата во вршењето на службените задачи;
12) злоупотреба на боледување;
13) одавање класифицирана информација со степен на тајност определен согласно со закон;
14) внесување, употреба и работење под дејство на алкохол или наркотични средства;
15) непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и повреда на прописите за заштита на животната средина;
16) поставување на личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на јавнообвинителскиот службеник;
17) навредливо или насилничко однесување и
18) неоправдано неизвестување на непосредно претпоставениот јавнообвинителски службеник, односно генералниот секретар, секретарот или јавниот обвинител за спреченоста за доаѓање на работа во рок од 24 часа.

За дисциплинските повреди од ставот 1 на овој член се изрекува:
– парична казна од 10% до 30% од едномесечниот износ на нето платата исплатена на јавнообвинителскиот службеник во месецот пред извршувањето на потешка дисциплинска повреда, во траење од еден до шест месеца,
- распоредување на пониско работно место, во траење од шест месеца до една година, по истекот на кое јавнообвинителскиот службеник се враќа на работното место на кое бил распореден пред изрекувањето на дисциплинската мерка и
- престанок на вработувањето, кога настапиле штетни последици за јавното обвинителство или за странките.

Член 75
Збирот на паричните казни изречени на јавнообвинителскиот службеник во еден месец за полесна и потешка дисциплинска поврeда, не може да надмине 30% од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец.

Член 76
Дисциплинските мерки против јавнообвинителскиот службеник за полесна дисциплинска повреда ги изрекува генералниот секретар, секретарот, односно јавниот обвинител каде што нема секретар, а по претходен писмен извештај од непосредно претпоставениот јавнообвинителски службеник или јавен обвинител.

Пред изрекувањето на мерката, јавнообвинителскиот службеник се известува писмено за наводите што постојат против него и тој има можност да даде одговор на извештајот од ст. 1.

Член 77
Јавниот обвинител на Република Македонија формира Комисија за водење на дисциплинска постапка за потешка дисциплинска повреда (во натамошниот текст: Комисијата), составена од три члена, и тоа :
- Еден јавнообвинителски службеник од непосредно повисокото јавно обвинителство, освен во Јавното обвинителство на Република Македонија каде како член на комисија ќе биде избран еден од редот на раководните јавнообвинителски службеници;
- Еден јавнообвинителски службеник со исто звање како службеникот против кој се води дисциплинската постапка, односно доколку нема од редот на стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавен обвинител од јавното обвинителство

Комисијата од ставот 1, по спроведената дисциплинска постапка му предлага соодветна дисциплинска мерка на генералниот секретар, односно секретарот или на јавниот обвинител каде што нема секретар.

Ако Комисијата од ставот 1 утврди дека јавнообвинителскиот службеник не е одговорен или не се исполнети условите за донесување решение за изрекување на дисциплинска мерка, му предлага на генералниот секретар, односно секретарот или на јавниот обвинител каде што нема секретар, да го отфрли предлогот, односно да ја запре постапката.

Генералниот секретар, односно секретарот или јавниот обвинител каде што нема секретар врз основа на предлогот на комисијата, во рок од три дена од доставувањето на предлогот на Комисијата од став 1, донесува решение за изрекување на дисциплинска мерка, односно за отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката.

Решението за изрекување на дисциплинска мерка се врачува лично на јавнообвинителскиот службеник, по правило во работните простории на јавното обвинителство во кој јавнообвинителскиот службеник работи, односно на адреса на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое јавнообвинителскиот службеник секојдневно доаѓа на работа.

Ако јавнообвинителскиот службеник не може да се пронајде на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето или ако го одбие врачувањето, решението се објавува на огласната табла во јавното обвинителство.

По изминувањето на три работни дена од денот на објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено.

Одлуката по спроведената дисциплинска постапка се донесува најдоцна во рок од 60 дена, сметано од денот на поведување на дисциплинската постапка, во спротивно се смета дека постапката е запрена.

Член 78
Секој јавнообвинителски службеник и друго лице, во согласност со закон, има право да поднесе иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против јавнообвинителски службеник, која треба да биде образложена.

Предлог за покренување на дисциплинска постапка против јавнообвинителскиот службеник поднесува непосредно претпоставениот јавнообвинителски службеник, односно генералниот секретар, односно секретарот или јавниот обвинител каде што нема секретар.

Предлогот од ставот 2 се доставува до јавнообвинителскиот службеник и синдикалната организација, чиј член е јавнообвинителскиот службеник.

Член 79
Дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминале три месеца од денот кога непосредно претпоставениот јавнообвинителски службеник, генералниот секретар, односно секретарот, или јавниот обвинител каде што нема секретар, дознал за повредата на службената должност.

Член 80
Дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминала една година од денот кога е сторена повредата на службената должност.

Член 81
Ако повредата на службената должност повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорноста на јавнообвинителскиот службеник застарува во рок од две години од денот на дознавањето за повредата.

Член 82
Јавнообвинителскиот службеник може да биде суспендиран од јавното обвинителство врз основа на решение на јавниот обвинител, а по предлог на непосредно раководниот јавнообвинителски службеник, генералниот секретар или секретар.

Јавнообвинителскиот службеник може да биде суспендиран од јавното обвинителство во случаи кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата или е покрената дисциплинска постапка за потешка дисциплинска повреда, а повредата е од таква природа што неговото натамошно присуство во јавното обвинителство додека трае постапката штетно ќе се одрази врз службата, односно ќе го осуети
или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплинската повреда.

Суспензијата од ставот 2 трае до донесувањето на правосилна или конечна одлука.

Додека трае суспендирањето јавнообвинителскиот службеник има право на плата во висина од 50% од последната исплатена плата во месецот пред покренувањето на дисциплинската постапка што се утврдува со решение.

Член 83
Против решението со кое е изречена дисциплинска мерка за потешка дисциплинска повреда и решението за суспензија, јавнообвинителскиот службеник има право да изјави жалба до Советот во рок од осум дена од денот на врачувањето на решението.

Материјална одговорност

Член 84
Јавнообвинителскиот службеник е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност му ја предизвикал на јавното обвинителство .

Јавниот обвинител на Република Македонија формира Комисија за водење на дисциплинска постапка за материјална одговорност (во натамошниот текст: Комисијата), составена од три члена и тоа :
- Еден јавнообвинителски службеник од непосредно повисокото јавно обвинителство, освен во Јавното обвинителство на Република Македонија каде како член на комисија ќе биде избран еден од редот на раководните јавнообвинителски службеници ;
- Еден јавнообвинителски службеник со исто звање како службеникот против кој се води дисциплинската постапка, односно доколку нема од редот на стручен јавнообвинителски службеник;
- Еден јавен обвинител од јавното обвинителство

Комисијата од ставот 2, за утврдената фактичка состојба поднесува извештај, врз основа на кој генералниот секретар, односно секретарот или на јавниот обвинител каде што нема секретар донесува решение за надоместокот на штета.

Против решението од ставот 3 јавнообвинителскиот службеник има право на жалба до Советот во рок од осум дена од денот на врачувањето на решението.

Доколку во рок од три месеца јавнообвинителскиот службеник не ја надомести направената штета, јавниот обвинител иницира постапка за надоместок на штета согласно со Законот за облигационите односи.

Доколку има вина и направена штета од страна на јавнообвинителскиот службеник, тогаш во рок од три месеца од правосилноста на одлуката за дисциплинска одговорност, истата треба да се надомести или да се поведе судска постапка за надоместување на штетата.

Одговорност на јавнообвинителската јавнообвинителската полиција и на лицата вработени во вработени во јавните обвинителства кои технички вршат технички вршат технички и помошни работи и помошни работи

Член 85
Одредбите за дисциплинската и материјалната одговорност на јавнообвинителските службеници од овој закон, соодветно се применуваат на припадниците на јавнообвинителската полиција и на лицата вработени во јавните обвинителства кои вршат технички и помошни работи.

VI. ОЦЕНУВАЊЕ НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 86
Јавнообвинителските службеници, освен генералниот секретар, односно секретарот, врз основа на постојано следење на нивната работа, се оценуваат еднаш годишно.

Јавнообвинителските службеници кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од шест месеца (боледување, неплатено отсуство и слично), како и јавнообвинителските службеници кои за првпат се вработиле во јавнoто обвинителство, во годината за која се врши оценувањето и работеле пократко од шест месеца, нема да бидат оценувани.

Начинот, постапката и образецот за оценување на јавнообвинителските службеници со акт ги утврдува Јавниот обвинител на Република Македонија.

Член 87
Оценувањето на јавнообвинителските службеници го врши генералниот секретар, односно секретарот, или јавниот обвинител во јавното обвинителство во кое нема секретар.

Оценувањето на стручниот јавнообвинителски службеник се врши по претходно добиено писмено мислење од јавен обвинител, со кој оценуваниот службеник бил распореден согласно планот за работа.

Член 88
Оценувањето на јавнообвинителските службеници се врши врз основа на податоци кои се однесуваат на резултатите од нивната работа и личните квалитети што ги покажале во текот на работењето.

Член 89
Јавнообвинителскиот службеник може да биде оценет со оцена „се истакнува”, „задоволува”, „делумно задоволува ” и „не задоволува”.

Јавнообвинителскиот службеник кој не е задоволен од оцената има право во рок од осум дена од денот на оценувањето да поднесе жалба до Советот.

Член 90
Оценувањето на јавнообвинителските службеници завршува најдоцна до крајот на првото тримесечије на наредната година за изминатата година.

Јавното обвинителство е должно најдоцна еден месец по завршувањето на оценувањето да достави извештај за извршеното оценување до стручната служба на Јавното обвинителство на Република Македонија, како надлежна служба која го води Регистарот на јавнообвинителските службеници.

Содржината на извештајот од став еден на овој член ја пропишува Јавниот обвинител на Република Македонија.

VII. ПРЕСТАНОК НА ВРАБОТУВАЊЕТО

Член 91
На вработените во јавнообвинителската служба им престанува вработувањето :
- по спогодба,
- по лично барање,
- по сила на закон и
- во други случаи утврдени со овој закон.

Член 92
На вработениот во јавнообвинителската служба му престанува вработувањето по спогодба, кога со јавниот обвинител ќе склучи писмена спогодба за престанок на вработувањето.

Член 93
На вработениот во јавнообвинителската служба му престанува вработувањето ако поднесе писмено барање за престанок на вработувањето.

Во случај на престанок на вработувањето по барање на вработениот, отказниот рок трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на вработувањето, освен ако поинаку не се спогоди со јавниот обвинител.

Член 94
На вработениот во јавнообвинителската служба му престанува вработувањето по сила на закон, ако :
- ја загуби работната способност – со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на изгубената работна способност,
-му престане државјанството на Република Македонија со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Македонија,
- му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност со денот на правосилноста на казната, односно прекршочната санкција,
- е осуден за кривично дело во врска со службената должност или друго кривично дело кое го прави недостоен за јавнообвинителски службеник и за вршење на службата во јавното обвинителство со денот на врачувањето на правосилната пресуда,
- поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеца со денот на стапувањето на издржување на казната и
- исполнува услови за пензија согласно со закон.

Член 95
На вработениот во јавнообвинителската служба му престанува вработувањето и во случаите, ако:
- неоправдано отсуствува од работа најмалку три дена последователно во еден месец, односно шест дена во текот на годината,
- два пати последователно или најмалку два пати во последните три оценувања биде оценет со оцена „не задоволува”,
- се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување,
- во рок од 15 дена не се врати на работа по завршувањето на стручното оспособување или усовршување и
- органот на државната управа, надлежен за инспекцијата на трудот, утврди дека јавнообвинителскиот службеник е вработен спротивно на одредбите на овој закон.

Член 96
Решението за престанок на вработувањето на вработениот во јавнообвинителската служба го донесува Јавниот обвинител на Република Македонија, односно јавниот обвинител на јавното обвинителство.

Решението за престанок на вработувањето му се доставува лично на вработениот во јавнообвинителската служба, по правило во работните простории на јавното обвинителство во кое тој работи, односно на адреса на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое јавнообвинителскиот службеник секојдневно доаѓа на работа.

Ако јавнообвинителскиот службеник не може да се пронајде на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето или ако го одбие доставувањето, решението се објавува на огласната табла во јавното обвинителство во кое работел.

По изминувањето на три работни дена се смета дека доставувањето е извршено.

Член 97
Против решението за престанок на вработувањето, вработениот во јавнообвинителската служба има право на жалба до Советот во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението.

Советот одлучува по жалбата во рок од 15 дена од приемот на жалбата.

Жалбата го одлага извршувањето на решението за престанок на вработувањето до донесувањето на конечното решение по жалбата.

VIII. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 98
Јавнообвинителскиот службеник на кој со решение му е повредено право од работен однос има право на жалба до Советот во рок од осум дена од приемот на решението, освен кога со овој закон поинаку не е утврдено.

Советот е должен да одлучи по жалбата во рок од 15 дена од приемот на жалбата, освен кога со овој закон поинаку не е утврдено.

Член 99
Јавнообвинителскиот службеник кој не е задоволен од конечната одлука на Советот или ако Советот не одлучил во рок од 15 дена, има право во рок од 15 дена од приемот на решението да бара заштита на своите права пред надлежен суд.

Јавнообвинителскиот службеник не може да бара заштита на правото пред надлежен суд ако претходно не барал заштита на правото пред Советот, освен за правото на парично побарување.

IX. РЕГИСТАР НА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 100
Во Јавното обвинителство на Република Македонија се води Регистар на јавнообвинителските службеници, како единствена база на податоци.

Податоците што се внесуваат во Регистарот претставуваат класифицирани информации со степен на тајност определен согласно со закон.

Член 101
Јавното обвинителство е должно секој податок за настаната промена во податоците на јавнообвинителскиот службеник да го достави до Јавното обвинителство на Република Македонија во рок од 15 дена од настанатата промена.

Јавното обвинителство на Република Македонија формира посебно одделение кое ќе биде должно податоците да ги внесе во Регистарот во рок од 15 дена од нивното доставување.

Јавниот обвинител на Република Македонија со акт ги пропишува формата и содржината на обрасците за евидентирање на податоците за јавнообвинителските службеници, како и начинот на нивното користење.

X. ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА ПОЛИЦИЈА
Член 102
Обезбедувањето на објектите, имотот, лицата и одржувањето на редот во јавното обвинителство го врши јавно обвинителската полиција.

Член 103
За вршење на работите на јавно обвинителската полиција може да биде примено лице кое, покрај општите услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнува и следниве услови:
1) да не е постаро од 25 години, ако првпат се вработува;
2) да е физички и психички способно за вршење на работите од јавно обвинителската полиција и
3) да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка (средно образование)

Проверката на условите за примање и примањето на работа го врши Јавниот обвинител на Република Македонија и притоа, без да се нарушат критериумите пропишани со закон, ќе се обезбеди соодветна и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници.

По исклучок од став 2, слободно работно место во јавно обвинителската полиција може да се пополнува со преземање од органи на државна управа, државни органи и други државни институции.

Јавниот обвинител на Република Македонија со одлука го утврдува бројот на лицата за вршење на работи на јавнообвинителската полиција во секое јавнообвинителство.

Член 104
Во јавните обвинителства со јавнообвинителската полиција раководи јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителство.

Со јавнообвинителската полиција непосредно командува командир на јавнообвинителската полиција кој постапува според насоките и упатствата на јавниот обвинител, и тој има заменик.

Командир, односно заменик командир на јавнообвинителската полиција може да биде лице кое, покрај условите од член 103 на овој закон, ги исполнува и следниве услови:
- да има стекнати 300 кредити според ЕКТС или VII степен соодветно високо образование и
- да има најмалку една година работно искуство како припадник на јавнообвинителската полиција.

Член 105
Јавниот обвинител на Република Македонија, од редот на припадниците на јавнообвинителската полиција во Јавното обвинителство на Република Македонија со високо образование, назначува командант на јавнообвинителската полиција на Република Македонија кој е вработен во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Јавниот обвинител на Република Македонија донесува одлука за назначување на командири на јавнообвинителската полиција кои ги распоредува на подрачјата на вишите јавни обвинителства.

Заменик командирот на јавнообвинителската полиција го назначува јавниот обвинител од редот на припадниците на јавнообвинителската полиција.

Член 106
Јавниот обвинител на Република Македонија донесува Програма за едукација и тренинг на припадниците на јавнообвинителската полиција.

Програмата од ставот 1 се доставува до сите јавни обвинителства во Република Македонија.

Јавните обвинители најдоцна до декември претходната година донесуваат планови за реализација на Програмата од ставот 1.

Член 107
Јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителство донесува План за обезбедување на јавното обвинителство.

Формата и содржината на Планот со акт ја пропишува Јавниот обвинител на Република Македонија.

Член 108
Надзор над работата на јавнообвинителската полиција во јавните обвинителства во Република Македонија врши: јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителтво, Јавниот обвинител на Република Македонија и командантот на јавнообвинителската полиција во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Командирите на јавнообвинителската полиција вршат надзор над работата на јавнообвинителската полиција, во основните јавни обвинителства од подрачјето на соодветното вишо јавно обвинителство.

Надзор над спроведувањето на обуката и тренингот на јавнообвинителската полиција во јавните обвинителства во Република Македонија врши: јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителтво, Јавниот обвинител на Република Македонија, командантот на јавнообвинителската полиција во Јавното обвинителство на Република Македонија како и командирите на јавнообвинителската полиција.

Доколку се констатираат неправилности во врска со работата на јавнообвинителската полиција од ставовите 1, 2 и 3, лицата кои го вршат надзорот, предлагаат мерки и активности за отстранување на утврдените недостатоци.

Лицата кои го вршат надзорот имаат право до јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителтво да предложат поведување дисциплинска постапка за припадник на јавнообвинителската полиција, при што соодветно се применуваат одредбите за дисциплинска одговорност од овој закон.

Член 109
Платата на командантот на јавнообвинителската полиција, на командирот, на заменикот командирот на јавнообвинителската полиција и на припадниците на јавнообвинителската полиција се состои од две компоненти, и тоа:
- бодови за образование и
- бодови за работно место.

Степенот на образование се вреднува на следниов начин:
- високо образование 200 бода,
- вишо образование 150 бода и
- средно образование 100 бода.

Работното место се вреднува на следниот начин:
- за командант на јавнообвинителската полиција во Јавното обвинителство на Република Македонија 320 бода,
- за командир на јавнообвинителската полиција 270 бода,
- за заменик – командир на јавнообвинителската полиција 238 бода и
- за припадник на јавнообвинителската полиција 228 бода

Член 110
Припадниците на јавнообвинителската полиција носат пропишана униформа со ознака на звањето и со други посебни ознаки и се вооружени согласно со прописите за вршењето на службата.

Член 111
При вршење на службени работи, припадниците на јавнообвинителската полиција можат да употребат огнено оружје во јавното обвинителство и околу јавното обвинителство, во следниве случаи:
1) да го заштитат животот на присутните во јавното обвинителство;
2) да спречат бегство на лице затечено во вршење на кривично дело кое се гони по службена должност и ако постојат основи на сомнение дека ќе употреби огнено оружје во јавното обвинителство и околу јавното обвинителство;
3) да одбијат од себе непосреден противправен напад со кој се загрозува нивниот живот и
4) да одбијат напад на јавното обвинителство.

Во случаите од ставот 1, припадниците на јавнообвинителската полиција ќе употребат огнено оружје само ако со употреба на физичка сила, гумена палка или други средства на присилба не можат да ја обезбедат службената работа.

Член 112
Ако средствата за присилба и огнено оружје се употребени во границите на овластувањето, исклучена е одговорноста на припадникот на јавнообвинителската полиција што го употребил средството или огненото оружје.

Член 113
Вредноста на бодот се утврдува секоја година со одлука на Владата на Република Македонија.

На припадниците на јавнообвинителската полиција им се исплаќа надоместок за ноќна работа и прекувремена работа согласно со закон и колективен договор.

Член 114
Припадниците на јавнообвинителската полиција правото на штрајк можат да го остваруваат на начин да не се загрози безбедноста на јавното обвинителство, да не се нарушува редовното извршување на работата, ниту да се попречува работата на другите служби во јавното обвинителство.

Организаторот на штрајкот е должен да им го најави штрајкот на министерот за правда, Јавниот обвинител на Република Македонија и јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителство, и да ја достави одлуката за стапување во штрајк и програмата за начинот и обемот на вршење на работните задачи на јавнообвинителската полиција кои е неопходно да се извршуваат за време на штрајкот, најдоцна седум дена пред почетокот на штрајкот.

Член 115
Јавниот обвинител на Република Македонија донесува прописи за:
-вооружувањето и опремата на јавнообвинителската полиција, звањата и условите за стекнување на звањата, ознаките за звањата и униформата,
- употребата на огнено оружје, гумена палка и други средства на присилба,
- правила за вршење на работите на јавнообвинителската полиција
- времетраењето на облеката, чевлите и посебно личната опрема,
- психофизичките способности што треба да ги поседуваат лицата кои се примаат на работа и
- материјалното работење со предметите на вооружувањето и посебната лична опрема и внатрешните односи во јавнообвинителската полиција.

Член 116
Припадник на јавнообвинителската полиција има право на додаток на платата за посебни услови за работа, и тоа за:
– ноќна работа;
– работа во смени, односно турнуси;
– работа изложена на висок ризик;
– работа за време на неделен одмор и
– работа за време на празници утврдени со закон.

Работите под посебни услови од став 1, треба да бидат предвидени во актите за систематизација на работните места.

Член 117
Додатокот на плата за ноќна работа по час се вреднува во износ од 35% од износот на основната плата и додатокот на платата за звање по час.

Член 118
Припадник на јавнообвинителската полиција кој е распореден да работи во смени, односно во турнуси, има право на додаток од 5% од износот на основната плата и додатокот на платата за звање пресметана по час.

Член 119
Припадник на јавнообвинителската полиција кој бил ангажиран да работи за време на неделен одмор има право на онолку слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран за време на неделниот одмор или има право на додаток во износ од 5% од износот на основната плата и додатокот на плата за звање, пресметана по час.

Член 120
Припадник на јавнообвинителската полиција за работа во денови на празници утвредени со закон, има право на додаток на плата за поминати часови на работа во износ од 50% од износот на основната плата и додатокот на плата за звање, пресметана по час.

Член 121
Припадник на јавнообвинителската полиција има право на додаток на плата ако работи подолго од полното работно време и тоа во висина од 35% по час од износот на основната плата и додатокот на плата за звање.

Припадник на јавнообвинителската полиција кој работел подолго од полното работно време, додатокот од став 1 има право да го замени со слободни часови, односно денови.

X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 122
Подзаконските акти од овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон.

Член 123
Советот на јавнообвинителска служба ќе се формира шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 124
Актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во јавните обвинителства или еден правилник, ќе донесен Јавниот обвинител на Република Македонија,најдоцна 90 дена пред започнувањето на примената на овој закон.

Член 125
Вработените во јавните обвинителства кои имаат статус на државни службеници, а кои се вработени на соодветни работни места кои одговараат и кои ги исполнуваат условите за работните места на овој закон, се распоредуваат како јавнообвинителски службеници согласно со работните места утврдени со овој закон, а вработените кои не ги исполнуваат условите предвидени со овој закон ќе бидат прераспоредени на работни места кои одговараат на нивниот степен на образование.

Член 126
Јавното обвинителство на Република Македонија ќе обезбеди просторни услови за функционирање на Советот на јавнообвинителска служба.

Член 127
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2014 година.

Напишано на: 03/10/2013 | Од: | Нема коментари »