[layerslider id="1"]

Почитувани,

На 18.09.2015 година се одржа XVIII Собрание на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, на кое беа избрани нови 13 членови на Извршниот одбор на Здружението, кои преку својата активна улога во исполнувањето на целите и мисијата на ЗЈОРМ ќе допринесат за унапредувањето и подобрувањето на условите, заштитата на интегритетот на своите членови, професионалното усовршување и доградување, а постојано ќе се залагаат за реформи во легислативата, релевантни за континуиран напредок на јавнообвинителската функција и разрешување на правни дилеми.
Врз основа на член 23 и 24 од Статутот, за Претседател на ЗЈОРМ избрана е Г-ѓа Спасенка Андонова, Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, додека за Потретседатели Г-дин Борче Јанев, В.Д. Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Берово и Г-ѓа Деса Пауновска, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар. Секретар на Здружението во овој мандат е Г-ѓа Катерина Коларевиќ, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, додека Г-дин Ермон Незири, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје е избран за Благајник на ЗЈОРМ. Во составот на Извршниот Одбор избрани се и Г-ѓа Славица Темелковски, Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Велес, Г-дин Љупчо Коцевски, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар, Г-ѓа Мери Тромбева, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Битола, Г-ѓа Бисера Митреска, Раководител на Одделението за координација на работите и протокол на Јавниот обвинител на Република Македонија,Г-дин Дејан Петрески, Виш јавнообвинителски соработник, Г-дин Ристе Шошески, Основен јавен обвнител на Основно јавно обвинителство Прилеп, Г-ѓа Маја Конеска, Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Г-ѓа Надица Василева, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Струмица.

XVIII Собрание на ЗЈОРМ

XVIII Собрание на ЗЈОРМ

Напишано на: 21/09/2015 | Од: | Нема коментари »