[layerslider id="1"]

Здружението на јавните обвинители во Република Македонија во соработка и со подршка на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 29 и 30 септември 2015 година организираa тркалезна маса на тема: “Идентификација и гонење на дела на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација“. Tранснационалниот карактер на кривичното дело трговија со луѓе, новите облици на ова дело, како и актуелните состојби во државата, неминовно доведоа до одржување на настан со цел да се разменат меѓусебните искуства во постапувањето, да се согледаат најдобрите практики и да се детектираат индикаторите за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе, да се усогласат мерките кои треба да се преземат за превенција и санкционирање на извршувањето на делото, да се зајакне соработката меѓу органите на прогонот и надлежните правосудни органи, како на национален, така и на меѓународен план со утврдување на главните предизвици во справувањето со случаите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
Работилницата ја отворија Г-ѓа Спасенка Андонова, Претседател на ЗЈОРМ и Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Г-ѓа Јоана Косма, Раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Г-дин Санде Китанов, Заменик Национален Координатор при Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Свои излагања имаа Г-ѓа Сена Узуновиќ, Јавен обвинител во Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина, Оддел за организиран и економски криминал и корупција, Г-ѓа Сузана Мирческа Кузмановска, Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Г-дин Дарко Солдат, Стручен соработник во Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина, Оддел за организиран и економски криминал и корупција. На наведената работилница учество остварија јавни обвинители, јавнообвинителски соработници, судии и претставници на Министерството за внатрешни работи.
12041825_10204727274333425_618750226_n
12042283_10204727274613432_1817082293_n
12067231_10204727274013417_1356967052_n
12081398_10204727274253423_377580282_n

Напишано на: 02/10/2015 | Од: | Нема коментари »