[layerslider id="1"]

Почитувани членови на Здружението на јавните обвинители
во Република Македонија

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители на 21.10.2015 година одржа состанок на кој беше констатирана потребата од ажурирање на членовите на Комисиите формирани во рамки на ЗЈОРМ и тоа: Статутарна Комисија, Издавачка Комисија, Комисија за меѓународна соработка и односи со невладини организации и Комисија за едукација.

За таа цел ги повикуваме сите членови на Здружението да покажат интерес и да земат активно учество во работата на Комисиите заради непречено одвивање на тековните и идните активности.

Крајниот рок за пријавување е 15 декември 2015 година, на email office@zjorm.org.mk

Со почит,

Спасенка Андонова
Претседател
Здружение на јавните обвинители
во Република Македонија

Напишано на: 03/11/2015 | Од: | Нема коментари »