[layerslider id="1"]

Во организација и соработка на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а со финансиска подршка на Бирото за меѓународна борба против наркотици (ИНЛ) при Американската Амбасада во Скопје, на 19-20 мај 2016 година се одржа втора тркалезна маса на тема: Управување со увидот на местото на настанот и форензичка експертиза.
DSC00295
Во оваа прилика, Г-ѓа Спасенка Андонова, Претседател на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија ја истакна интенција за продлабочување на соработката и унифицирање на постапувањето, со цел постигнување на побрз, а во крајна линија и поефикасен кривичен предмет, воедно нагласувајќи ја потребата за постојано развивање на механизамот за подобро меѓуинституционално функционирање.
На присутните се обрати и Г-дин Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Република Македонија и член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ кој посочи дека увидот е еден од најважните елементи на кривичната постапка и притоа неопходно е да се користат искуствата на експертите преку разбирање на потребите на јавното обвинителство, од една страна и можностите на експертите од друга.
DSC00294
Проф.д-р Алексеј Дума, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија потенцира дека форензиката во државата гарантира врвна технологија, состојба и способност за правичност и обезбедување на квалитетни материјални докази, врз основа на кои треба да се донесе соодветна одлука.
Постојаното менување на начинот на истрага, пристапот, техниките и науката, несомнено треба да доведе до поефикасна форензичка истрага, истакна Проф. д-р Слободан Оклевски, Началник на ОКТИВ при МВР, притоа потенцирајќи ја волјата за потпишување на трипартитен меморандум за соработка, со цел истата да биде изгигната на на највисоко ниво и перманентно унапредувана.
Стефани Ларсен, В.Д. Директор на правната канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД во Скопје ја поздрави континуираната и меѓусебна соработка изразувајќи волја за понатамошна поддршка на националните институции.
На овој настан се говореше за обврските кои треба да бидат преземени во текот на една кривична постапка, согласно Законот за кривичната постапка, потребата од судско-медицинска обдукција, улогата и значењето на форензичките истраги, криминалистичко техничките (форензички) истраги на местото на настанот, како и значењето на форензичката балистика во расветлување на одреден кривично правен настан.

Напишано на: 23/05/2016 | Од: | Нема коментари »