[layerslider id="1"]

Претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Г-ѓа Спасенка Андонова на 07.10.2016 година одржа работна средба со Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Г-дин Никола Додевски.
На овој состанок беа разменети информации за актуелните проекти, како на Здружението, така и на Комората, но беше акцентирана и потребата од запознавање на меѓусебните капацитети за соработка, односно за интензивирање на истата во сите сфери на заемен интерес.
Како заклучок, констатираа дека неопходно е да се делува во насока на зајакнување на контактите преку одржување на дополнителни средби со цел конципирање, прецизирање, утврдување и реализација на заеднички проекти.

Напишано на: 14/10/2016 | Од: | Нема коментари »