[layerslider id="1"]

Доследна примена на професионалните стандарди и интереси на членството и заштитата на достоинството и угледот на носителите на јавно обвинителската функција се дел од целите на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија каде членуваат јавните обвинители од државата, како и стручни јавно обвинителски службеници од јавните обвинителства.

Истакнуваме дека сите членови се должни својата работа да ја темелат врз основа на почитувањето на принципите на чесност, професионалност и достоинство, на одредбите на Етичкиот кодекс на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија. Принципите кои треба задолжително да бидат водилка во работењето на сите членови, јавни обвинители и стручни јавно обвинителски службеници се законитост, непристрасност и независност, професионалност и правичност, хумано и човечко однесување и колегијалност. Сето ова е императив во вршењето на јавно обвинителската професија, во постоењето на високо морален и професионален лик.

Тргнувајќи од тука, Здружението на јавните обвинители во Република Македонија се чувствува повикано да ја одбрани јавно обвинителската професија, во услови кога унапредување на општествениот статус на членовите е доведен во прашање и е нарушен угледот на професијата.

Токму затоа, а согласно нашите цели и принципи, ценејќи притоа да отвореното писмо испратено од страна на јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје до Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, исто така се темели на дадените начела, Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, дава целосна поддршка на истото.

Напишано на: 26/10/2016 | Од: | Нема коментари »