[layerslider id="1"]

Претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Г-ѓа Спасенка Андонова на 17.07.2017 година, присуствуваше на координативен состанок во врска со реализацијата на препораките на Групата на држави против корупција – ГРЕКО на Совет на Европа од Четвртиот круг на евалуација, кој се одржа во во Министерството за правда, на тема: “Спречување на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“. На состанокот, кој го водеше Министерот за правда на Република Македонија, г-н Билен Саљији, присуствуваа и г-ѓа Анета Арнаудовска, шеф на Делегацијата на РМ во ГРЕКО, г-н Игор Тантуровски, Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, г-н Горан Миленков, член на Државната комисија за спречување на корупција, г-н Зоран Караџовски, Претседател на Судскиот совет на РМ, г-н Џемали Саити, Претседател на Здружението на судии на РМ, г-а Марија Алексовска, Државен советник за законодавство во Собранието на РМ, г-а Елена Саздов, член на Делегацијата на РМ во ГРЕКО, Одделение за координација на активностите против корупција на Министерство за правда и г-а Славица Жерајиќ и г-а Николина Микеска од Секторот за правосудство на Министерството за правда.
На состанокот, присутните учесници информираа за реализираните активности на институциите во насока на понатамошна реализација на препораките на ГРЕКО од Четвртиот круг на евалуација, а воедно разменети беа и информации за состојбата и плановите на институциите во претстојниот период во оваа насока.

Напишано на: 26/07/2017 | Од: | Нема коментари »