[layerslider id="1"]

На 24.07.2017 година, Претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Г-ѓа Спасенка Андонова присуствуваше на заедничка трибина посветена на реформите во областа на правосудството, во рамките на презентирањето на Планот 3-6-9, организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања и Министерството за правда.
На трибината, која ја водеа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Г-дин Бујар Османи и Министерот за правда, Г-дин Билен Саљији, подетално беше презентиран Планот 3-6-9 и неговата имплементација, во присуство на претставници на правосудните институции, при што беше дискутирано за потребните реформи во насока на унапредување на правосудниот систем.

Напишано на: 26/07/2017 | Од: | Нема коментари »