[layerslider id="1"]

На 13.07.2017 година, во Домот на правниците на Република Бугарија, одржана е работна средба помеѓу претставници на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Бугарија.

Истата се одржа со цел размена на основни податоци за поставеноста, организацијата и целите на двете Здруженија како асоцијации на јавните обвинители. На средбата беше дискутирано за тековните активности на двете здруженија, а беа разменети и искуства во поглед на начинот и изворот на средства за спроведување и финансирање на проекти. Претставниците на Бугарското здружение на јавни обвинители споделија информации околу публикациите кои ги издава ова здружение, а воедно од двете страни беше нагласена потребата од остварување на заедничка средба во најскоро време заради меѓусебно запознавање на членовите на здруженијата и размена на искуства во насока на зајакнување на позициите на членството.

Приликата се искористи да се разгледаат и можностите за зајакнување и унапредување на меѓусебната соработка, при што се договорени конкретни активности за нејзино остварување во претстојниот период.

Напишано на: 26/07/2017 | Од: | Нема коментари »