Мисија и Цели

Здружението на јавните обвинители во Република Македонија е невладина, непартиска, неполитичка, непрофитна и доброволна организација во која слободно се здружуваат членовите на здружението. ЗЈОРМ ги има следните цели и задачи:

  • Доследна примена на Уставот и законите на Република Македонија, меѓународните договори што ги има ратификувано Собранието на Република Македонија,
  • Унапредување на самостојноста и непристрасноста во вршењето на Јавно-обвинителската функција,
  • Јакнење и унапредување на општествениот статус и углед на Јавно-обвинителската професија,
  • Доследна примена на професионалните стандарди и интереси на Јавните обвинители,
  • Заштита на достоинството и угледот на носителите на јавно-обвинителската функција,
  • Активен однос и учество во проекти и реформа на правниот систем на Република Македонија, особено на казненото законодавство,
  • Континуирано едуцирање и стручно усовршување на Јавните обвинители и другиот стручен кадар,
  • Усовршување на материјалните и техничко-технолошките услови за работа на Јавните обвинителства,
  • Развивање и унапредување на соработката и односите помеѓу членовите на ЗЈОРМ,
  • Заштита на материјалните и професионалните интереси и потреби на членството,
  • Соработка со други асоцијации во Р. Македонија и соработка со сродни асоцијации и здруженија во земјата и странство,
  • Меѓународна афирмација, соработка и членување во меѓународното здружение на Јавни обвинители и други сродни асоцијации и
  • Афирмација на правото како наука и грижа за владеењето на правото.

ЗЈОРМ своите цели и задачи ќе ги остварува во рамките на Уставот на РМ, Законот за Јавно обвинителство и другите подзаконски акти и одредбите на овој Статут и другите Акти на Здружението, преку:

  • Работа преку Органите и телата на ЗЈОРМ,
  • Дејствување и активности на членството,
  • Организирање и учество на научни средби, советувања, семинари и симпозиуми организирани во земјата и во странство,
  • Издавање на информативно гласило, стручни ревии и побликации од интерес за јавно-обвинителската функција,
  • Поттикнување реформи, иницијативи и учество во работата на експертски комисии и други работни тела за прашања од областа на правосудниот систем и подготвување на законски и други прописи и
  • Соработка со Јавните обвинителства во Република Македонија, Советот на Јавни обвинители на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, Министерството за правда, Академијата за Судии и Јавни обвинители и други органи и организации.