Извршниот одбор на Здружението на Јавните обвинители на Република Македонија ја донесе и усвои следната:
ПРОГРАМА
За активностите на Здружението на Јавните обвинители на Република Македонија (ЗЈОРМ)
- Преземање на заеднички активности со Јавното обвинителство на Република Македонија за унапредување и подобрување на општествениот и материјалниот статус на носителите на јавно-обвинителската функција.
- Покренување на иницијатива за измена на одредбите од Статутот на ЗЈОРМ со цел за подобрување на меѓусебнатасоработка и информираност на членовите на здружението како и нивно зголемено ангажирање.
- Изготвување на Програма за конкретни активности на планот на едукацијата на носителите на јавнообвинителската функција, стручните соработници и администрацијата.
- Афирмација на соработката на ЗЈОРМ со Здружението на судиите на РМ, Здружението за казнено право и криминологија, Адвокатската комора на РМ и други слични здруженија.
- Продолжување и интензивирање на соработката на ЗЈОРМ со невладини организации и асоцијации, а особено со Правната иницијатива за централна и источна Европа АББА ЦЕЕЛИ и нејзино содржинско конкретизирање.
- Продолжување на заложбите за активно вклучување во работните телаза изработка на законски и други проекти, пред се од областа на кривичното законодавство.
- Преземање конкретни активности за создавање услови за реализација на издавање јавно-обвинителска публикација.
- Решавање и иницирање на прашања кои тековно со својата актуелност ке се наметнат во работењето на ЗЈОРМ.
Исполнувањето на програмата е обврска на Извршниот одбор и неговите работни тела-комисии, како и на сите членови на ЗЈОРМ.
Посебни планови и проекти ке бидат дополнително изработени за подобра реализација на оваа програма.