Отворен повик до членовите на ЗЈОРМ

Почитувани членови на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија

Работна група составена од јавни обвинители, професори и странски експерти изработи Нацрт текст на Закон за јавното обвинителство, кој е во насока на усогласување со одредбите од Законот за кривичната постапка, зајакнување на професионалноста, но и одговорноста на јавните обвинители, односно имплементација на Препораките на ГРЕКО од четвртиот круг на евалуација и мерките предвидени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Воедно, паралелно со изработката на овој предлог закон, беше објавен и Нацрт Закон за специјално јавно обвинителство, со кој се врши уредување на материјата за статусот, надлежностите, усогласување со меѓународните стандарди и други прашања поврзани со Специјалното јавно обвинителство.

Со оглед да се работи за акти со кои се регулираат сите прашања во врска со работата на јавното обвинителство, а се меѓусебно поврзани, ве повикуваме да дадете свои писмени мислења, забелешки и сугестии за овие нацрт текстови.

Предлог на Закон за јавното обвинителство

Предлог на Закон за Специјално јавно обвинителство