Соопштение

Со подршка на ОБСЕ, Мисијата во Скопје, Оддел за владеење на правото, во координација со Здружението на јавните обвинители во текот на месец ноември 2021 година, се оддржаа обуки на сите подрачни Основни јавни обвинители на Основните јавни обвинителства, јавните обвинители во Основните јавни обвинителства и јавно обвинителските служби – водители на уписници, стручни соработници и советници. Обуките беа насочени кон презентирање и запознавање на содржините на подзаконските акти кои се однесуваат на работењето на Јавното обвинителство и работата на јавните обвинители.

Вишиот јавен обвинител на ВЈО Штип г-дин д-р Тодор Витларов го презентираше

  • Правилникот за внатрешно работење на јавното обвинителство

Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје г-дин Мустафа Хајрулахи ги презентираше

  • Правилникот за формата и содржината на образецот и постапката за издавање и одземање на легитимација на ЈО и членовите на Советот на ЈО:

  • Правилникот за изгледот и начинот на носење на тогата:

  • Правилникот за предлагање размена и упатување на јавен обвинител во институции, агенција, тела или канцеларии на ЕУ или други меѓународни организации и

  • Правилиникот за утврдување на начинот на вршење на надзор на рабтата и постапувањето на јавните обвинителства.

Вишиот јавен обвинител на ВЈО Гостивар г-дин Ислам Абази гo презентираше:

  • Правилникот за начинот на спроведување на постапка за утврдување на одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда

Вишиот јавен обвинител на ВЈО Битола г-ѓа Мери Тромбева го презентираше:

  • Правилиникот за оценување на јавните обвинители.