СООПШТЕНИЕ

На 02.11.2021 г. претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител д-р. Тодор Витларов оствари работна средба со Амбасадорот на Европската Унија г-дин Дејвид Гир. На средбата присуствуваа и г-ѓа Марина Курте, советник за европска интеграција и правни прашања и г-ѓа Анабел Регал, програм менаџер.

Евроамбасадорот беше запознат со активностите на здружението и соработката која ја остварува со други органи и институции во процесот на креирање на значајни акти поврзани со статусот, но и одговорностите на носителите на јавно обвинителската функција, како дел од стратешките реформи во правосудството.

Претседателот ја потенцираше потребата од забрзување на постапката за прием на идни јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители, но и постапката за избор и унапредување на постојните јавни обвинители со цел да се овозможи навремено пополнување на празните позиции. Посебно ја потенцираше потребата од интервенирање во делот наменет за плати на јавните обвинители кои сега не претставуваат еквивалентна валоризација, ниту соодветен одговор на зголемениот обем на надлежности и одговорности во постапката, со цел да се обезбеди подобрување на статусот на јавните обвинители, што претставува и примарна заложба на здружението.