Научно-Стручно Советување На Тема: “Употреба На Полиграфското Испитување – Актуелни Проблеми И Предизвици За Полицијата, Јавното Обвинителство, Судот, Адвокатурата И Корпоративната Заедницаˮ.

Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје во соработка со Здружението на јавни обвинители и Агенцијата за приватно обезбедување Никоб – Скопје, организираше научно-стручно советување на тема: “Употреба на полиграфското испитување – актуелни проблеми и предизвици за полицијата, јавното обвинителство, судот, адвокатурата и корпоративната заедницаˮ.

Советувањето, пред се има за цел да го подигне нивото на знаења и размена на практични искуства за примената на полиграфот во форензичката сфера, при тестирање на вработени во државните органи и во приватниот сектор со цел проверка на професионалниот и персоналниот интегритет, откривање и превенција на корупцијата. Секторот за човечки ресурси и правни работи во современите компании во регионот и пошироко се потпира врз полиграфските испитувања (секое ново вработување во банка, штедилница, осигурителна компанија, агенција за приватно обезбедување, производствени компании и други, е незамисливо без согласност за спроведување на полиграфско испитување на кандидатот, а истата практика продолжува и во текот на работниот однос и после тоа).

Советувањето е наменето за вработените во полицијата, разузнавачките и безбедносните служби, обвинителството, судот, адвокатурата и корпоративниот сектор, секорот за човечки ресурси и правни работи, но и пошироко за академската заедница во целина.

Советувањето пред се имаше за цел да се подигне нивото на знаења и размена на практични искуства за примената на полиграфот во форензичката сфера, при тестирање на вработени во државните органи и во приватниот сектор со цел проверка на професионалниот интегритет, откривање и превенција на корупција и персоналниот интегритет.

Предавачи: проф. д-р Тодор Витларов, Претседател на Здружение на јавни обвинители;

судија Лидија Зимбовска, Основен суд 1 Скопје

меѓународен експерт за полиграфија, Тодор Тодоров, Backster School of Lie Detection, San Diego, USA,

претставници од МВР и други учесници од областа.

На советувањето присуствуваа учесници од следните институции: Ректор на ЕСРА универзитет – проф. д-р Јордан Плевнеш, Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност, Министерство за внатрешни работи, ОЈО – Скопје, ОЈО – Струмица, ОЈО – Кочани, Вишо Јавно обвинителство Скопје и Штип, Основен суд Скопје 1 кривичен суд, членови на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, членови на Здружение на јавни обвинители, НИКОБ – Скопје, адвокати и сопственици на приватни компании.