Одржан состанок помеѓу Д-р Звонко Фишер и претставници на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија

Во рамките на дводневната посета на Република Македонија, Д-р Звонко Фишер, реномиран словенечки правник и долгогодишен обвинител, одржа работна средба со претставници на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија.

Целта на посетата беше дискусија за предлог Законите за Јавното обвинителство, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Специјалното јавно обвинителство.

На овој состанок беше разговарано за улогата на Здружението во изработката на нацрт текстовите, ставовите на ЗЈОРМ по однос на истите, понудените решенија кои се во насока на исполнување на препораките на ГРЕКО и Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Присутните се сложија дека потребно е интензивно работење на правната регулатива во оваа област, во насока на изнаоѓање на системски решенија кои ќе ги разрешат проблемите и ќе ја зајакнат јавнообвинителската функција, а воедно ќе го унапредат и внатрешното функционирање на јавното обвинителство, преку концизно дефинирање на одредени услови, постапки, избор и именување.