ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА СПАСЕНКА АНДОНОВА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО ТУРЦИЈА, Д-Р БИРОЛ КИРМАЗ

Во рамките на билатералната соработка што ја има македонското обвинителство со турското јавно обвинителство, остварена беше посета на Република Турција од страна на делегација на Јавното обвинителство на Република Македонија. При тоа, беше потпишан Меморандум за соработка со кој се потенцира важноста за јакнење и развивање на соработката и размената на информации меѓу турските и македонските органи за водење на истраги и борба против криминалот.

При посетата на Турското јавно обвинителство беа остварени повеќе средби со првите луѓе на Врховниот суд на Република Турција, Академијата за судии и јавни обвинители на Република Турција, Основниот западен суд на Анкара, Националниот информативен систем за правосудството, како и со Министерството за правда на Република Турција.

Претседателот на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Г-ѓа Спасенка Андонова имаше состанок и со Д-р Бирол Кирмаз, Претседател на Здружението на јавните обвинители во Република Турција. На средбата беа разменети мислења за перспективите за зголемување на взаемната соработка помеѓу двете здруженија, во насока на остварување на блиски релации и воспоставување на продуктивна корелација. Соговорниците изразија очекување за блиска размена на искуства во јавнообвинителската сфера.