Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Европскиот Универзитет – Република Македонија

На 08.02.2019 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, претставувано од Претседателот Г-ѓа Спасенка Андонова и Европскиот Универзитет – Република Македонија, претставуван од Проректорот за меѓународна соработка, професор д-р Атанас Козарев.

Со овој Меморандум за соработка се уредува соработката во врска со размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат имаат кадровски и други потенцијали и интереси.