Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „Менаџер за корпоративна безбедност“ – Скопје

На 08.02.2019 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, претставувано од Претседателот Г-ѓа Спасенка Андонова и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „Менаџер за корпоративна безбедност“ – Скопје, претставувана од Претседателот, професор д-р Атанас Козарев.

Овој Меморандум е потпишан со цел воспоставување ефикасна соработка помеѓу ЗЈОРМ и Асоцијацијата, која ќе придонесе за размена на искуствата, а водени од потребата за меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на своите надлежности утвредени со Закон и други акти.