Препорака

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ,
   За прв пат во нашата држава е прогласена вонредна состојба, како резултат на  пандемија од вирусот КОВИД-19,од страна на Светската Здравствена Организација.
    Ваквата состојба негативно се одрази на целокупаната светска економија.
    Негативните последици се особено врз земјите во развој каква што е нашата држава.
    Заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за справување со оваа пандемија, Владата на Република Северна Македонија формира „СОЛИДАРЕН ФОНД ЗА БОРБА ПРОТИВ КОВИД-19“.
    Од овие причини Ви
                                                                П Р Е П О Р А Ч У В А М Е
    Како носители на една од најодговорните функции во нашата држава на дело да ја покажеме нашата СОЛИДАРНОСТ.
ДА ДОНИРАМЕ СРЕДСТВА ОД НАШИТЕ ПЛАТИ ВО ОВОЈ СОЛИДАРЕН ФОНД
“Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19“,
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ИЗНОСОТ НА ДОНИРАНИТЕ СРЕДСТВА ДА НЕ БИДЕ СИМБОЛИЧЕН. ИСТИОТ ДА СЕ ДВИЖИ ВО РАМКИТЕ НА ВАШИТЕ СЕМЕЈНО-МАТЕРИЈАЛНИ СОСТОЈБИ,  НО ОВОЈ ИЗНОС ДА НЕ БИДЕ  ПОМАЛ ОД 5% ОД
ВАШИТЕ ПЛАТИ.
ИЗВРШЕН ОДБОР НА
ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
д-р Тодор Витларов