Работилница за развојот на соработката меѓу полицијата и јавното обвинителство

На 25-26 април 2018 година Здружението на јавните обвинители и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во Струга, организираа работилница за развојот на соработката меѓу полицијата и јавното обвинителство. Триесет претставници на Министерството за внатрешни работи, јавни обвинители и стручни соработници од целата земја, на работилницата, дискутираа за начините за зајакнување на меѓусебната соработка, обезбедување на подобро меѓуинституционално постапување, при што се разменуваа мислења за подобрување на комуникацијата, собирањето и обезбедувањето на квалитетни докази на местото на настанот, особено на електронски докази, со посебен осврт на идентификација и истрага на криминал од омраза, а се со цел да се овозможи ефикасен кривично-правниот процес.