Соопштение

На 29.06.2021 г. претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител д-р. Тодор Витларов имаше работна средба со министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ на која се потенцираа меѓународните стандарди кои ја регулираат еднаквата     положба на јавните обвинители  и судиите, согласно кои примањата и на судиите и на јавните обвинители треба да се на исто ниво.  Постигната е согласност да се реализира етапно покачување на платите на јавните обвинители од 10 % оваа година и 5 % наредната, по претходно законско дефинирање.