ФОРУМ ЗА ДИСКУСИЈА НА ТЕМА ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА ОД ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Во ораганизација на Мисијата на OSCE во Скопје во соработка со Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, на 27-28, ноември во хотел Александара Палас во Скопје, се одржа Форум за дискусија на тема “Предходна постапка”.

По воведните излагања на јавните обвинители од сите апелациони подрачја и водената расправа,  беа завземени определени правни стојалишта и ставови  во насока на воедначено постапување и толкување на одредбите од ЗКП, во делот на Предходната постапка.

Од овој Форум за дискусија ,беа донесени следните :

 

З     А     К     Л     У     Ч     О     Ц     И

 

1.Водењето на КДН-Книга за дневни настани , во кој се евидентираат информирањата од страна на полицијата за добиените сознанија за основи на сомневање за сторено кр. дело за кое се гони по сл. должност е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

2.Секое основно обвинителство да одржи работни состаноци со полицијата .Тема да биде обврската на полицијата согласно чл.282 од ЗКП(информирањето на јавниот обвинител е усно само за кр. дела за кој е пропишана казна затвор од најмалку четири години или постојат причини за итност).По правило секое информирање е писмено и за истото на крајот од годината,  јавните обвинители повратно да бараат писмена информација од полицијата .Истата би требало да биде во насока на резултатите од превземените дејствија на полицијата во предистражната постапка и соодветна врска со уписниците, Кон, Ро или КО.

3.Овлстувањата на полицијата во текот на предистражната постапка би требало да биде посебна тема за едукација , на која целни групи би биле претставници од полицијата и основните обвинители.Истата можеби би било најдобро да се оджи по подрачја.

4.Согласно одредбите од чл 162 од ЗКП , за секое задржано лице кое е изведено пред судија за предходна постапка , судијата треба ВЕНАШ (без одлагање) по службена должност да се произнесе со посебно решение за законитоста за неговото  лишување од слобода.

5.Од аспект на увид во списи на јавен обвинител при предлагање на определување на мерката притвор.Согласно одредбата од чл. 165 од ЗКП, покрај основите за определување на мерката притвор треба да постои основано сомневање дека тоа лице сторило кривично дело.

-Во прилог на Предлогот за определување на мерката притвор јавниот обвинител би требало на судијата за предходна постапка ДА СЕ ПОДНЕСУВААТ ОСНОВНИ ДОКАЗИ .Истите се само во насока да се “убеди” судијата за предходна постапка во основаноста на сомнението,  дека тоа лице е сторител на кривично дело.

Овие докази  не би требало да се дават на увид на обвинетиот-одбраната.(посебно ако се работи за применети посебни истражани мерки)или докази кој многу лесно би можеле да бидат “осуетени “од спротивната странка.

Во прилога на ваквото толкување се и начелните принципи, дека товарот на докажување  единствено е  на страната  на тужителот.Како јавниот обвинител како овластен тужител би ги откривал и гонел сторителите на кривични дела, ако уште  во фаза на основи на сомневање ги презентира своите докази на обвинетиот-неговиот бранител.

Ваквото толкување произлегува и од одредбата на чл. 168-дека судијата за предходна постапка ги испитува двете странки и бранителот за ОКОЛНОСТИТЕ  кој се од  значање за определувањето на притворот.

Во прилог на ваквото толкување е и одредбата од чл. 289  од ЗКП, дека преземените дејствија во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител и полицијата се тајна.ПРАКТИКАТА покажува , дека  има случаи во кои ,  по превземените  дејствија во оваа фаза од постапката се

доаѓа до констатација , дека воопшто нема основи на сомневање дека е сторено кривично дело.

Толкувањето на општата одредба од чл. 79 од ЗКП, за увид во списите на бранителот е ограничувачка токму во предистражната постапка.

Увидот во списите и нивно разгледување е сосема во друга конотација во текот на истражната постапка.Таму веќе имаме императивни одредби согласно чл. 302 ст. 3 и 5  од ЗКП.

6.Предлозите за определување на мерката притвор доколку се работи за повеќе осомничени и повеќе основи ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЧНО  би требало да бидат наведени и образложени.

-Кога некое лице веке е во притвор, а против истото се поднесува кривична пријава за кривично дело, каде сме оцениле дека според околностите би требало да се определи привор.

Предходно да се проверува , дали и до кога трае  ова мерка, заради целесообразност.Можат да се јават проблеми, за засметување на притворот во казната или ако има две или повеке пресуди, а осудениот поднесе предлог за изрекување на единствена казна, како би го засметувале притворот определен со две или повеке судски решенија ?

7.Во практиката многу ретко се применува една од  мерките  за обезбедување присуство на лица за непречно водење на кривичната постапка -ГАРАНЦИЈА .

Во оваа насока би требало јавните обвинители, кога оценат дека се исполнети законските услови за тоа,  да постапуваат согласно чл. 150 ст.1 од ЗКП и да предлагаат определување на ваква мерка.

8.Да не се практикува уште во предистражна постапка да се сослушуваат осомничените, кога тоа не не нужно и неопходно. Кога јавниот обвинител го превзема ова дејствие,  постојат законски обврски согласно чл. 285 ст. 2 од  ЗКП, со што се отвара и прашањето за увид во списите на предметот.

9.Кога јавен обвинител во предистражна или истражна постапка сослушува сведок.

Согласно чл.222 од ЗКП, ТОЈ НЕ ПОЛАГА ЗАКЛЕТВА.Ваква обврска постои доколку постои страв сведокот поради болест или од други причини да не може да дојде на главната расправа (ова се основи за предлагање на доказно рочиште чл.312 ст 2 т.1 од ЗКП).Тогаш сведокот го испитува судот и заклетва дава пред него на доказното рочишта.

Доколку испитаниот сведок , пред јавен обвинител го менува својот исказ, тогаш согласно чл. 388 ст. 2 од ЗКП, истите можат да се користат при вкрстено испитување на истиот(теоретски се прогласува за т.н непријателски и се бара од судот да се испитува вкрстено).

Секако доколку не се исполнети законските основи согласно чл 388 ст. 4 и 5 од ЗКП, да се бара одлука на судот истите да се читат на главната расправа.

Кога сведоците ги менуваат своите искази во текот на главната расправа, ДА СЕ ПОЧИТУВА ПРИНЦИПОТ НА ЛЕГАЛИТЕТ, ПРОТИВ ИСТИТЕ ДА СЕ ПОВЕДУВААТ ПОСТАПКИ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО Давање лажен исказ од чл. 367 од КЗ.

10.Честопати едена од причините за догото траење на истрагата е навремено недоставување на наоди и мислења по издадените наредби за вештачење.

-Од наша страна да се иницира до Министерството за правда да се зголеми бројот на вешти лица од соодветната област.

-Исто така, овој проблем да се изнесе и пред МВР, со иницијатива за разгледување на можноста за дисперзирање на одделенија од ОКТИВ по апелациони подрачја.

11.Изготвувањата на обвиненија од страна на јавните обвинители со јасен и прецизен опис на законските обележја на предметното кривично дело е едно од суштествените прашања, за професионално и ажурно извршување на функцијата.

Во практиката се среќаваме со обвиненија во кој јавниот обвинител, не успеал пријавеното противзаконито постапување да го преточи со правилен опис на законските обележја на предметното кривично дело.

Потребно е по подрачја или заедничи , да се одржуваат едукации  на сите јавни обвинители во оваа насока и практично да бидат презентирани конкретни случаи на  добри, но  и нејасни изреки на поднесени обвиненија

 

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседател

Др.Тодор Витларов