Извршен одбор

Извршниот одбор е орган на управување и раководење со ЗЈОРМ. Го сочинуваат 13 членови кои ги избира Собранието на ЗЈОРМ. Извршниот одбор има претседател и двајца потпретседатели, кои по функција се и претседател и потпретседатели на ЗЈОРМ. Претседателот, потпретседателите, секретарот, благајникот и членовите на Извршниот одбор имаат мандат од 3 години со право на повторен избор. Извршниот одбор ги врши следните работи:

  • Ги извршува одлуките на Собранието на ЗЈОРМ,
  • Донесува Деловник за своето работење,
  • Врши подготовки за одржување на седници на Собранието на ЗЈОРМ,
  • Одлучува за висината и начинот на плаќањето на чланарината,
  • Одговара за имотот на Здружението и управува и располага со него,
  • Му предлага на Собранието избор на почесни членови на ЗЈОРМ,
  • Ја одобрува годишната сметка и финансискиот извештај по предлог на Секретарот на ИО,
  • Може да формира стручна служба на Здружението и ја контролира работата на истата,
  • Предлага донесување, измени и дополнувања на Статутот на ЗЈОРМ,
  • Предлага програма, деловник за работа на Собранието и други акти и нивни измени и дополнувања,
  • Формира постојани или повремени комисии и помошни тела заради остварување на целите и задачите на Здружението и го определува нивниот делокруг, надлежност и работење,
  • Дава насоки за стручно усовршување и едуцирање на Обвинителите и други членови на Здружението,
  • Изготвува годишен извештај за својата работа и за работата на Собранието,
  • Одлучува по приговори на одлуките на дисциплинската комисија,
  • Го верификува приемот и престанокот на членството во ЗЈОРМ,
  • Врши и други работи според одредбите на овој Статут и другите акти на Здружението,
  • формира комисија за изрекување дисциплински мерки,
  • назначува член во комисијата за утврдување дисциплинска одговорност формирана од Јавниот обвинител на Република Македонија,
  • основа и раководи со солидарниот фонд на ЗЈОРМ, за што донесува правилник и
  • основа Комисија за набавки за потребите на ЗЈОРМ, за што донесува правилник.

 

Извршен Одбор на ЗЈОРМ

  1. Спасенка Андонова, Претседател на ЗЈОРМ, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
  2. Борче Јанев, Потпретседател на ЗЈОРМ, В.Д. Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Берово
  3. Деса Пауновска, Потпретседател на ЗЈОРМ, Јавен обвинител во Совет на јавните обвинители на Република Македонија
  4. Катерина Коларевиќ, Секретар на ЗЈОРМ, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје
  5. Ермон Незири, Благајник на ЗЈОРМ, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје
  6. Славица Темелковски, Член на Извршен Одбор, Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Велес
  7. Љупчо Коцевски, Член на Извршен Одбор, Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар
  8. Мери Тромбева, Член на Извршен Одбор, Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола,
  9. Бисера Митреска, Член на Извршен Одбор, Раководител на Одделението за координација на работите и протокол на Јавниот обвинител на Република Македонија
  10. Ристе Шошески, Член на Извршен Одбор, Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп,
  11. Маја Конеска, Член на Извршен Одбор, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
  12. Надица Василева, Член на Извршен Одбор, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Струмица
  13. Дејан Петрески, Член на Извршен Одбор, Виш јавнообвинителски соработник