Претседател на ЗЈОСРМ

Тодор Витларов

Д-р ТОДОР Никола ВИТЛАРОВ, роден 27.09.1958 год. во Штип.

По завршувањето на средното образовани во 1976 год. се запишал на Правниот факултет во Скопје- правосудна насока ,каде дипломирал со просечна оценка од 8,55 во месец февруари 1981 год.

Истата година , се вработил како приправник, а по положувањето на правосудниот испит, во месец февруари 1982 год, како стручен соработник во тогашното Окружно јавно обвинителство во Штип.

Во 1984 год. е именуван за заменик на Основниот јавен обвинител во Штип, која функција ја извршувал до месец април 1997 год.

На 1.04. 1997 год, е именуван за Виш јавен обвинител во Штип, на која е реизбран во 2003 год и ја извршувал се до месец август 2008 год.

Во 2008 год, е избран за Член на Советот на јавните обвинители на РМакедонија, од редот на јавните обвинители, која функција ја извршувал до 1.09. 2011 год.

Во периодот од 2011 до 5. 12. 2013 год ја извршувал функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип.

Во декември 2013 е избран за Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Штип, која функција ја извршува и денес.

Во 1989 година , запишал постдипломски студии на Катедрата за казнено право и криминологија на Правниот факултет во Скопје.Истите ги завршил со просечна оценка на положените испити од 9, 25.

Во 1999 год, го одбранил магистерскиот труд на темa” Јавното обвинителство во правниот систем на Македонија”.

На 17.03.2006 год, на Правниот факултет во Скопје ja одбранил докторска дисертација,на тема” Казнено-правната заштита од корупција” и се стекнал со академско звање- доктор на правни науки.

Во периодот од 1999-2001 год, бил Претседател на Здружението на јавните обвинители на Македонија.

Бил член на Извршниот одбор на Здружението за казнено право и криминологија, како и Претседател на Собранието на ова Здружение.

Бил член на евалуциониот тим на РМакедонија , во Групата на земји членки на Советот на Европа, во борба против корупција –ГРЕКО.

Досега бил активно вклучен во работните групи на Министерството за правда за изготвување на : Измени и дополнувања на КЗ, На новиот Закон за кривична постапка, на Законот за јавно обвинителство, на Законот за Советот на јавните обвинители.

Се наоаѓа на листата на OSCE на домашни експерти од областа на казненото право.Во ова својство  учествувал во изготвување на анализи , држел едукации посебно од областа на материјалното и процесното казнено право.

Вклучен е во активноста , како постојан едукатор на Акедемијата за обука на судии и јавни обвинители во почетна и континуирана обука.

Во организација на програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Македонија, има завршено обука NITA-за акузаторна постапка.Во организација на оваа програма, бил ангажиран како едукатор за новиот ЗКП , како и на теми од областа на зајакнувањето на капацитетите на правосудните органи во борба против корупцијата.

Во текот на 2015/16 год, во организација на Амбасадата на САД во Р.Хрватска, како претставник од нашата држва, учествувал во Регионалниот тим на државите од Југо-западен балкан, за изготвување на Заеднички курикулим за едукација на судии, јавни обвинители , адвокати и полицајци за Европската Конвенциј за човековите права . Во ова својство освен за едукација во РМакедонија, бил анагажиран и во Косово.

Во 2017 год. назначен е за член на Етичкиот совет на јавните обвинители во Република Македонија и избран за негов Претседател.

Досега има објавено повеќе стручни трудови од областа на казненото процесно и материјално право во Македонската ревија за казнано право и криминологија, Безбедност, Судиска ревија, итн.

Избран е за Претседател на ЗЈОРМ на 27.03.2019 г.

Претседателот на ЗЈОРСМ го избира Извршниот одбор на првата седница и ги врши следните работи:

  • Го застапува ЗЈОРСМ
  • Раководи со седниците на Собранието и Извршниот одбор на ЗЈОРСМ
  • Ги потпишува актите и одлуките донесени од Собранието и Извршниот одбор на ЗЈОРСМ
  • Претседателот за својата работа е одговорен пред Извршниот одбор и Собранието на ЗЈОРСМ
  • Врши и други работи по овластување на Собранието и Извршниот одбор и одредбите од овој Статут
  • Во случај на спреченост (осутност) Претседателот го заменува еден од потпретседателите што тој ќе го определи.