Секретар на ЗЈОРМ

Катерина Коларевиќ


Катерина Коларевиќ е родена во Скопје на 10.04.1979 година. Своето образование го стекнува на Правниот Факултет “Јустинијан Први”, при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Скопје, а по положувањето на Правосудниот испит, од 15.09.2007 година –  15.12.2008 година ја има завршено почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

Од 01.09.2005 до 01.11.2005 година, работи како судски приправник во Основниот суд Скопје 2 Скопје, а од ноември 2005 година започнува да работи како стручен судски соработник во Апелациониот суд Скопје. На ова работно место, работи се до 25.06.2009 година, кога е именувана за Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која функција ја извршува и денес.

Во својата кариера, освен како учесник на бројни обуки, семинари, советувања и работилници, организирани од страна на институциите во Република Македонија и меѓународните организации, има учествувано и како предавач на разни теми од кривичната материја.


Секретарот на ЗЈОРМ ги врши следните работи:

  • Ја кординира работата на Извршниот одбор и му помага на Претседателот во вршењето на неговите надлежности,
  • Учестува во подготвување на седниците на Собранието и ИзврШниот одбор,
  • Ги подготвува и предлага годишната сметка и финансискиот извештај на Здружението и годишен извештај за работа,
  • Ја води документацијата и евиденцијата на ЗЈОРМ и раководи со стручната служба на Здружението и
  • Врши и други работи доверени од Собранието, извршниот одбор, претседателот и работи определени со овој Статут и актите на здружението.