Собрание

Собранието на ЗЈОРМ е највисок орган на Здружението и го сочинуваат сите членови. Собранито на ЗЈОРМ е надлежно да:

  • Донесува статут, програма и други акти и одлучува за измени и дополнување на истите,
  • Донесува деловник за работа,
  • Усвојува годишен извештај за работа,
  • Усвојува финансиски извештај со годишна сметка за финансиското работење на ЗЈОРМ,
  • Усвојува завршна сметка за финансовото работење на ЗЈОРМ,
  • Одлучува за промена на целите на здружението,
  • Одлучува за внетрашната организација и организационите форми на органите на Здружението,
  • Избира Извршен одбор на здружението,
  • Одлучува за здружување и раздвојување со друго Здружение и зачленување во меѓународни здруженија и асоцијации,
  • Одлучува за прием на почесни членови на Здружението,
  • Одлучува по жалбите и приговорите на одлуките на Извршниот одбор,
  • Одлучува за доделување признанија и награди на истакнати членови и други физички и правни лица,
  • Одлучува за престанок на Здружението и
  • Врши и други работи во согласност со Статутот и Актите на здружението.
  • Собранието работи на Седници.