ОТВОРЕН ПОВИК

Почитувани членови на здружението

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, во соработка со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево и во партнерство со Канцеларијата на ОБСЕ во Албанија, Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора, Мисијата на ОБСЕ во Косово, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Србија, објавувија ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ на тема: Кривични дела од омраза, кои ќе бидат презентирани на конференција со наслов: Кривични дела од омраза во Југоисточна Европа, а која ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина, на 8ми ноември 2016 година.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани членови на здружението да земат активно учество во наведените активности.
Отворениот повик за доставување на трудови можете да го погледнете на следниот линк http://www.osce.org/bih/233786