[layerslider id="1"]

Извршниот одбор на Здружението на Јавните обвинители на Република Македонија ја донесе и усвои следната:

ПРОГРАМА

За активностите на  Здружението на Јавните обвинители на Република Македонија (ЗЈОРМ)

1. Преземање на заеднички активности со Јавното обвинителство на Република Македонија за унапредување и подобрување на општествениот и материјалниот статус на носителите на јавно-обвинителската функција.

2. Покренување на иницијатива за измена на одредбите од Статутот на ЗЈОРМ со цел за подобрување на меѓусебнатасоработка и информираност на членовите на здружението како и нивно зголемено ангажирање.

3. Изготвување на Програма за конкретни активности на планот на едукацијата на носителите на јавнообвинителската функција, стручните соработници и администрацијата.

4. Афирмација на соработката на ЗЈОРМ со Здружението на судиите на РМ, Здружението за казнено право и криминологија, Адвокатската комора на РМ и други слични здруженија.

5.Продолжување и интензивирање на соработката на ЗЈОРМ со невладини организации и асоцијации, а особено со Правната иницијатива за централна и источна Европа АББА ЦЕЕЛИ и нејзино содржинско конкретизирање.

6. Продолжување на заложбите за активно вклучување во работните телаза изработка на законски и други проекти, пред се од областа на кривичното законодавство.

7. Преземање конкретни активности за создавање услови за реализација на издавање јавно-обвинителска публикација.

8. Решавање и иницирање на прашања кои тековно со својата актуелност ке се наметнат во работењето на ЗЈОРМ.

 

Исполнувањето на програмата е обврска на Извршниот одбор и неговите работни тела-комисии, како и на сите членови на ЗЈОРМ.

Посебни планови и проекти ке бидат дополнително изработени за подобра реализација на оваа програма.

Претседател на ЗЈОРМ

Напишано на: 23/12/2011 | Од: | Нема коментари »