[layerslider id="1"]

Во организација и соработка на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија, Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а со финансиска подршка на Бирото за меѓународна борба против наркотици (ИНЛ) при Американската Амбасада во Скопје, на 19-20 мај 2016 година се одржа втора тркалезна маса на тема: Управување со увидот на местото на настанот и форензичка експертиза.
DSC00295
Во оваа прилика, Г-ѓа Спасенка Андонова, Претседател на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија ја истакна интенција за продлабочување на соработката и унифицирање на постапувањето, со цел постигнување на побрз, а во крајна линија и поефикасен кривичен предмет, воедно нагласувајќи ја потребата за постојано развивање на механизамот за подобро меѓуинституционално функционирање.
На присутните се обрати и Г-дин Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Република Македонија и член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ кој посочи дека увидот е еден од најважните елементи на кривичната постапка и притоа неопходно е да се користат искуствата на експертите преку разбирање на потребите на јавното обвинителство, од една страна и можностите на експертите од друга.
DSC00294
Проф.д-р Алексеј Дума, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија потенцира дека форензиката во државата гарантира врвна технологија, состојба и способност за правичност и обезбедување на квалитетни материјални докази, врз основа на кои треба да се донесе соодветна одлука.
Постојаното менување на начинот на истрага, пристапот, техниките и науката, несомнено треба да доведе до поефикасна форензичка истрага, истакна Проф. д-р Слободан Оклевски, Началник на ОКТИВ при МВР, притоа потенцирајќи ја волјата за потпишување на трипартитен меморандум за соработка, со цел истата да биде изгигната на на највисоко ниво и перманентно унапредувана.
Стефани Ларсен, В.Д. Директор на правната канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД во Скопје ја поздрави континуираната и меѓусебна соработка изразувајќи волја за понатамошна поддршка на националните институции.
На овој настан се говореше за обврските кои треба да бидат преземени во текот на една кривична постапка, согласно Законот за кривичната постапка, потребата од судско-медицинска обдукција, улогата и значењето на форензичките истраги, криминалистичко техничките (форензички) истраги на местото на настанот, како и значењето на форензичката балистика во расветлување на одреден кривично правен настан.

Напишано на: 23/05/2016 | Од: | Нема коментари »

Почитувани членови

Здружението на ЈО во РМ во соработка со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје има во план имплементација на проект во кој ќе бидат опфатени процесот на евалуација на јавните обвинители и уставната положба на Јавните Обвинители.
Процесот на евалуација на јавните обвинители е проект кој Набљудувачката мисија на ОБСЕ го спроведува веќе две години, во 2010 со ангажирање на домашен и странски експерт кои изготвија брошура како резултат на забележаната ситуација во јавните обвинителства во Република Македонија и постоечките законски решенија во поглед на ова прашање, а во 2011 година активностите од претходната година беа заокружени со организирање на еднодневен семинар на кој беа поканети експерти од регионот како и јавни обвинители од сите јавни обвинителства од Република Македонија.
Оваа година таа активност е насочена кон изнаоѓање на критериуми кои ќе придонесат за објективна евалуација на работата на јавните обвинители. За таа цел планирано е формирање на работна група составена од 9 членови од сите четири подрачја на територијата на републиката, кои ќе бидат ангажирани за определен временски период и кои од спроведените посети и разговори обавени со јавните обвинители ќе изготват предлог критериуми кои понатаму ќе бидат проследени до надлежните органи.
Сите заинтересирани да испратат своја биографија на адреса на здружението најдоцна до 12 Април 2012 година. За извршениот избор благовремено ќе бидат известени избраните членови.

Со почит

Здружение на јавните обвинители
во Република Македонија
Претседател
Марко Зврлевски


Независноста на судството и развој на практични алатки релевантни за новата кривичната постапка

Оваа компонента на проектот е следење на активностите од 2010 и 2011 година поврзани со евалуацијата на јавните обвинители и ќе се фокусира на развивање на критериуми за евалуација на јавните обвинители при вршење на нивната работа. Концептот на оваа компонента предвидува критериумите за оценување да се развијат преку транспарентен и партиципативен процес на целата обвинителска професија, имајќи предвид дека таа се фокусира на прашања кои се суштински испреплетени со нивно ефикасно вршење на работата и понатамошниот професионален развој. Крајниот исход треба да биде обезбедување на јасни и недвосмислени критериуми за евалуација кои ќе ја рефлектираат новата улога на обвинителите во измените и дополнувањата на кривичната постапка, и ќе биде поддржан и прифатен од професијата како потребен елемент за нивното функционирање, а не како наметната обврска.

Во прилог на прашањето за критериумите за оценување, проектот ќе понуди можност за еден ден расправа за уставната позицијата на јавните обвинители

• Во однос на Компонента 1, Проектот има за цел да понуди партиципативен процес во изготвување на објективен, врз база на заслуга и недвосмислени критериуми за оценување на обвинителите при вршење на нивната работа. Тоа ќе им обезбеди можност на националните обвинители користење на експертизата од нивните хрватски колеги и да ги земе предвид регионалните најдобри практики и искуства.

Процесот е транспарентен и партиципативен, спроведена од страна на самата професија и на тој начин создава посилна смисла на сопственоста на конечниот производ. Здружението во координација со надлежните ЈО канцеларии ќе формира работна група која ќе бидe задолжена за развој на критериумите за оценка. Работната група ќе се состои од девет (9) национални експерти од различно ниво на обвинители-претставници од четирите региони во Скопје, Битола, Штип и Гостивар. Здружението ќе ги координира состаноците на работната група за време на процесот на развивање на критериуми за оценка. Правниот соработник на Здружението во координација со Одделот за владеење на правото ќе и помага на работната група во однос на организација и логистика за состаноци. Работната група треба да развие прва верзија на критериумите за оценување најдоцна до крајот на јуни 2012 година. Пред првиот нацрт да бид финализиран, Здружението ќе го проследи до меѓународниот експерт за коментари и препораки. Членовите на работната група ќе бидат платени за нивниот ангажман во текот на целиот проект. Како мѓународен експерт ќе биде ангажиран Драган Новосел, Заменик на главниот обвинител на Р Хрватска.

Напишано на: 02/04/2012 | Од: | Нема коментари »