[layerslider id="1"]

Собрание

Собранието го сочинуваат претставниците на членовите на Здружението од јавните обвинителства. Секое јавно обвинителство со пет или помалку од пет членови има право на еден претставник, а јавните обвинителства со повеќе од пет членови имаат право на по еден претставник за секои наредни започнати пет члена. Собранието на ЗЈОРМ редовно се состанува еднаш годишно, а местото и времето на одржувањето го одредува Извршниот одбор. Собранието го свикува и со него раководи Претседателот на ЗЈОРМ. Собранието може полноважно да работи ако се присутни повеЌе од половина од претставниците. Собранието на ЗЈОРМ одлуките ги донесува со јавно гласање, но за одделни прашања може да одлучи гласањето да биде тајно. Полноважна е одлуката за која гласале мнозинство од присутните претставници.

- Донесува Статут и одлучува за негово изменување и дополнување.

- Донесува кодекс на Јавно обвинителска етика

- Донесува програма деловник и други акти и одлучува за нивното изменувње и дополнување.

- Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа

- Усвојува завршна сметка и финансиски план

- Одлучува за промени на целта на здружението.

- Одлучува за здружување и раздвојување од друго здружение и зачленување во сојузи и меѓународни здруженија.

- Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето

- Избира претседател и двајца потпретседатели и членови на извршниот одбор.

- Одлучува за престанок на здружението.

- Одлучува за почесен член на здружението.

- Одлучува по жалбите и приговорите на одлуките на извршниот одбор.

- Одлучува и за други работи според одредбите на овој статут.

Извршен одбор

Извршниот одбор на ЗЈОРМ го сочинуваат 13 членови. Претседателот, двајца потпретседатели и секретар на ЗЈОРМ по функција се и Претседател потпретседатели и секретар на Извршниот одбор.Извршниот одбор од редот на своите членови избира Секретар и Благајник на ЗЈОРМ. Мандатот на членовите на претседателот,секретарот, благајникот и членовите на Извршниот одбор трае три години со можност на повторен избор.

- Ги извршува одлуките на Собранието на ЗЈОРМ.

- Донесува Деловник на своето работење.

- Врши подготовки за одржување на Собранието на ЗЈОРМ.

- Одлучува за износот и начИнот на плаќањето на годишната членарина.

- Одговара за имотот на здружението и управува со него.

- Му предлага на Собранието избор на почесен член на ЗЈОРМ.

- По предлог на секретарот ги одобрува завршната сметка и финансискиот план.

- Може да формира стручна служба на Здружението и ја контролира нејзината работа

- Предлага донесување, измени и дополнувања на Статутот на ЗЈОРМ,

- Предлага програма, деловник за работа на Собранието и други акти и нивни измени и дополнувања,

- Формира комисии и помоШни тела од постојан или привремен карактер во врска со остварувањето на целите и задачите на Здружението,

- Избира и разреШува главен и одговорен уредник, како и членови на редакцискиот одбор на информативното гласило и стручната ревија.

Врши и други работи според одредбите на овој Статут.

ПРЕТСЕДАТЕЛ И СЕКРЕТАР

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот на ЗЈОРМ го избира Собранието на ЗЈОРМ. Претседателот на ЗЈОРМ има мандат од 3 години со право на уште еден повторен избор.

Претседателот на ЗЈОРМ:

- Го претставува Здружението

- Раководи со состаноците на собранието

- Ги потпишува актите и одлуките на ЗЈОРМ

врши и други работи по овластување на Собранието Извршниот одбор и одредбите на овој Статут.

СЕКРЕТАР

Секретарот на ЗЈОРМ се избира од редот на членовите на Извршниот одбор. Мандатот на секретарот на ЗЈОРМ е три години со право на уште еден избор.

Секретарот на ЗЈОРМ:

- Ја координира работата на Извршниот одбор.

- Учествува во подготвувањето на работата на собранието и седниците на Извршниот одбор.

- Ги подготвува и предлага завршната сметка и финансискиот план на здружението .

- Води грижа за документацијта на ЗЈОРМ и секојдневната кореспонденција.

- Врши и други работи по овластување на Соборанието и Извршниот одбор и според одредбите на Статутот.

КОМИСИИ

Во Здружението на Јавните обвинители на Република Македонија функционираат повеке комисии и тоа :

- Комисија за едукација

- Комисија за односи со невладини организации

- Статутарна комисија

- Комисија за меѓународни односи

- Комисија за издавачка дејност

- Комисија за едукација на стручни соработници

Напишано на: 23/12/2011 | Од: | Нема коментари »

Ве молиме слободно контактирајте не преку контакт формата подоле:

[si-contact-form form='1']

Напишано на: 23/12/2011 | Од: | Исклучени коментари