[layerslider id="1"]

Здружението на јавните обвинители во Република Македонија е невладина, непартиска и непрофитабилна асоцијација која се залага за воспоставување на самостојно, единствено, независно, непристрасно, стручно ефикасно и одговорно Јавно обвинителство со афирмација на професијата Јавен обвинител, со унапредување и јакнење на угледот на јавните обвинители, со унапредување на прописите и со професионална етика и морал, се со цел за изградба на современа правна држава и владеењето на правото.

Цели на ЗЈОРМ се:

- Доследна примена на Уставот и Законите на Република Македонија, меѓународни договори што ги има ратификовано Собранието на РМ и јакнење на принципот на владеење на првото.

- Јакнење и унапредување на општествениот статус и углед на професијата Јавен обвинител.

- Залагање за доследна примена и доградување на професионалните стандарди и интереси на јавните обвинители.

- Активен однос и учество во проекти за реформа на правниот систем на Република Македонија а особено на казнено право.

- Преземање активности за континуирано едуцирање и стручно усовршување на јавните обвинители.

- Преземање активности за усовршување на техничко – технолошките услови за работа на јавните обвинителства.

- Развивање и унапредување на соработка и односите помеѓу членовите на ЗЈОРМ.

- Соработка со други асоцијации во Република Македонија и соработка и размена на искуства со асоцијации од други држави.

- Меѓународна афирмација и соработка на ЗЈОРМ во Меѓународното здружение на обвинители и други меѓународни асоцијации.

Напишано на: 03/01/2012 | Од: | Нема коментари »