Врз основа на чл.18 ст.1 и чл.23 ст.1 алинеја 1 од Законот за здруженија и фондации (Сл.Весник на РМ Бр.52/10 од 16.04.2010 година и Службен весник на РМ бр.135/2011 од 03.10.2011 г.) и чл.19 ст.1 алинеја 1 од Статутот на Здружението на Јавните обвинители во Република Северна Македонија Собранието на Здружението на Јавните обвинители во Република Македонија на Седницата одржана на 18.09.2015 година донесе - Измени и дополнувања на Статутот на Здружението на Јавните обвинители во Република Македонија
С Т А Т У Т
НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
(Пречистен текст)
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Чл. 1
Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: ЗЈОРСМ), е невладина, непартиска, неполитичка, непрофитна и доброволна организација во која слободно се здружуваат членовите на здружението.
Чл.2
ЗЈОРСМ се основа на неопределено време и делува на територијата на Република Северна Македонија.
Чл. 3
ЗЈОРСМ има својство на правно лице и се регистрира во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Името на Здружението гласи: "Здружение на јавните обвинители во Република Северна Македонија". (скратено: ЗЈОРСМ), со седиште во Скопје - Бул."Крсте Мисирков" бб, Судска Палата, Скопје.
ЗЈОРСМ има печат и штембил.
Печатот има тркалезна форма и е со следниот текст: "Здружение на јавните обвинители во Република Северна Македонија" - Република Северна Македонија Скопје, а во средината е сместен амблемот на Здружението.
Амблемот на ЗЈОРСМ има тркалезна форма и во позадина се исцртани границите на Републуика Северна Македонија, а во средината е исцртана Божицата на правдата со вага во десната рака и спуштен меч во левата рака.
По работ на амблемот е испишан текст: "Здружение на јавните обвинители во Република Северна Македонија".
Штембилот е со правоаголна форма и со текст: "Здружение на јавните обвинители во Република Северна Македонија" - Скопје.
Работата на ЗЈОРСМ е јавна.
II. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Чл.4
ЗЈОРСМ ги има следните цели и задачи:
- Доследна примена на Уставот и законите на Република Северна Македонија, меѓународните договори што ги има ратификувано Собранието на Република Северна Македонија,
- Унапредување на самостојноста и непристрасноста во вршењето на Јавно- обвинителската функција,
- Јакнење и унапредување на општествениот статус и углед на Јавнообвинителската професија,
- Доследна примена на професионалните стандарди и интереси на Јавните обвинители,
- Заштита на достоинството и угледот на носителите на јавнообвинителската функција,
- Активен однос и учество во проекти и реформа на правниот систем на Република
Северна Македонија, особено на казненото законодавство,
- Континуирано едуцирање и стручно усовршување на Јавните обвинители и другиот стручен кадар,
- Усовршување на материјалните и техничко-технолошките услови за работа на Јавните обвинителства,
- Развивање и унапредување на соработката и односите помеѓу членовите на ЗЈОРСМ,
- Заштита на материјалните и професионалните интереси и потреби на членството,
- Соработка со други асоцијации во Р. Северна Македонија и соработка со сродни асоцијации и здруженија во земјата и странство,
- Меѓународна афирмација, соработка и членување во меѓународното здружение на Јавни обвинители и други сродни асоцијации и
- Афирмација на правото како наука и грижа за владеењето на правото.
Чл.5
ЗЈОРСМ своите цели и задачи ќе ги остварува во рамките на Уставот на РСМ, Законот за Јавно обвинителство и другите подзаконски акти и одредбите на овој Статут и другите Акти на Здружението.
Чл.6
Целите и задачите за ЗЈОРСМ ќе ги остварува преку:
- Работа преку Органите и телата на ЗЈОРСМ,
- Дејствување и активности на членството, - Организирање и учество на научни средби, советувања, семинари и симпозиуми организирани во земјата и во странство,
- Издавање на информативно гласило, стручни ревии и побликации од интерес за јавно- обвинителската функција,
- Поттикнување реформи, иницијативи и учество во работата на експертски комисии и други работни тела за прашања од областа на правосудниот систем и подготвување на законски и други прописи и
- Соработка со Јавните обвинителства во Р. Северна Македонија, Совет на Јавни обвинители на Република Северна Македонија, Јавниот обвинител на Р. Северна Македонија, Министерството за правда, Академијата за Судии и Јавни обвинители и други органи и организации.
III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗЈОРСМ
Чл.7
Членови на ЗЈОРСМ можат да бидат јавни обвинители, членови на Советот на јавните обвинители и други јавнообвинителски службеници од правна струка во јавните обвинителства и Советот на јавните обвинители на Р. Северна Македонија, за време на траењето на нивниот работен однос и по пензионирањето.
Членувањето во ЗЈОРСМ е на доброволна основа.
ЗЈОРСМ може да избере почесни членови за пособен придонес во работата и афирмацијата на на Здружението.
Почесните членови ги избира Собранието на ЗЈОРСМ на предлог на Извршниот одбор и новното членство трае доживотно, а ги имаат истите права и обврски како и секој член на Здружението освен обврската за плаќање членарина. За почесен член на ЗЈОРСМ може да биде избран и странски државјанин.
Чл.8
Членството во ЗЈОРСМ се стекнува со своерачно потпишување на пристапница со која се прифаќаат Статутот и другите акти на здружението.
Чл.9
ЗЈОРСМ води регистар и евиденција на членовите на органите на ЗЈОРСМ.
Податоците од регистарот и евиденцијата се ажурираат најмалку еднаш на две години.
ЗЈОРСМ гарантира анонимност на личните податоци на членовите кои тоа ќе го побараат.
Податоците од ст.1 од овој член се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
На секој член на ЗЈОРСМ му се издава членска книшка, чија форма, содржина и начин на издавање се пропишува со посебен правилник кој го донесува Извршниот одбор.
IV. ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО
Чл.10
Членувањето во ЗЈОРСМ престанува:
- Со смрт на членот,
- Со престанок на функцијата или работниот однос, освен во случај на пензионирање, - Со доброволно истапување од членство и
- Со исклучување.
Чл.11
Членот на ЗЈОРСМ може да биде исклучен кога:
- Работи и се однесува спротивно на целите и задачите на ЗЈОРСМ,
- Го нарушува угледот на ЗЈОРСМ или јавно-обвинителската функција и постапува спротивно на етичките кодекси и
- Не ја плаќа членарината подолго од една година.
Чл.12
Дисциплинската постапка и постапката за исклучување од членство се уредува со посебен Правилник на ЗЈОРСМ што го донесува Извршниот одбор на ЗЈОРСМ.
Чл.13
Спрема членовите на ЗЈОРСМ можат да се изречат дисциплински мерки и тоа:
- Опомена,
- Опомена пред исклучување и
- Исклучување.
Чл.14
Одлука за изрекување на дисциплински мерки донесува дисциплинска комисија формирана од ИО.
Против Одлуката на Комисијата членот на ЗЈОРСМ има право на приговор до Извршниот одбор на ЗЈОРСМ.
Против одлуката на ИО, членот има право на жалба до собранието на ЗЈОРСМ.
V. ПРАВА И ОБВРСКИ
Чл.15
Членот на ЗЈОРСМ има право:
- Да избира членови и да биде избран во органите и телата на ЗЈОРСМ,
- Да учествува во работата на ЗЈОРСМ и да биде информиран за работата на органите на ЗЈОРСМ и
- Да иницира прашања пред органите на здружението и да бара информации за прашања од делокругот на ЗЈОРСМ.
Чл.16
Членовите на ЗЈОРСМ се должни:
- Да го почитуваат Статутот и другите акти на ЗЈОРСМ,
- Да ги почитуваат и извршуваат одлуките и заклучоците донесени од страна на ЗЈОРСМ и
- Редовно да ја плаќаат чланарината.
IV. ОРГАНИЗАЦИЈА И ОРГАНИ НА ЗЈОРСМ
Чл.17
Органи на ЗЈОРСМ се:
- Собрание,
- Извршен одбор,
- Претседател,
- а ЗЈОРСМ може да формира комисии и работни тела.
Чл.17-а
Членовите на здружението кои се избрани како Претседател на ЗЈОРСМ, потпреседатели, членови на Извршниот одбор, членови и претседатели на комисии и други работни тела и органи на здружението имаат право да си поднесат оставка.
Оставка на член на здружението кој бил избран или назначенименуван да врши одредена должност или функција во органите на здружението или во работните тела се поднесува до Извршниот одбор кој на седница само констатира дека е поднесена оставка од конкреното лице и јавно ги запознава членовите на здружението за поднесената оставка.
Во случај ако поднесе оставка Претседателот на ЗЈОРСМ или потпретседател, по констатирање дека е поднесена оставка Извршниот одбор на седница од своите членови избира Претседател на ЗЈОРСМ или потпретседател на предлог на член или членови од Извршниот одбор.
Доколку поднесе оставка член на Извршниот одбор, по констатирање дека е поднесена оставка Извршниот одбор ќе продолжи да фунционираработи со останатите
членови на Извршниот одбор. Доколку поради поднесени оставки бројот на членови на Извршниот одбор се намали под десет членови, тогаш во рок од дваесет дена од денот на констатирање дека е поднесена последната оставка се закажува изборно собрание и се избираат онолку членови на Извршниот одбор колку што поднеле оставки. Во случај кога се гласа на седница на Извршниот одбор, а бројот на членови е парен број и гласовите се поделени по половина, тогаш за прашањето каде што гласот го дал Претседателот на ЗЈОРСМ се смета дека е донесена одлука со мозинство гласови.
Кога оставка ќе поднесе член или претседател на комисија, работно тело или некој друг орган на здружението, по констатирање дека е поднесена оставка, органот што го избрал или назначил-именувал членот кој поднел оставка ќе донесе одлука со која ќе одлучи кој друг член ќе го замени и ќе продолжи да ја извршува должноста или функцијата.
СОБРАНИЕ НА ЗЈОРСМ
Чл.18
Собранието на ЗЈОРСМ е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови.
Преставувањето на членовите на Здружението во Собранието може да се врши преку овластени преставници.
Чл.19
Собранито на ЗЈОРСМ е надлежно да:
- Донесува статут, програма и други акти и одлучува за измени и дополнување на истите,
- Донесува деловник за работа,
- Усвојува годишен извештај за работа,
- Усвојува финансиски извештај со годишна сметка за финансиското работење на ЗЈОРСМ,
- Усвојува завршна сметка за финансовото работење на ЗЈОРСМ, - Одлучува за промена на целите на здружението,
- Одлучува за внетрашната организација и организационите форми на органите на Здружението,
- Избира Извршен одбор на здружението,
- Одлучува за здружување и раздвојување со друго Здружение и зачленување во меѓународни здруженија и асоцијации,
- Одлучува за прием на почесни членови на Здружението,
- Одлучува по жалбите и приговорите на одлуките на Извршниот одбор,
- Одлучува за доделување признанија и награди на истакнати членови и други физички и правни лица,
- Одлучува за престанок на Здружението и
- Врши и други работи во согласност со Статутот и Актите на здружението.
Чл.20
Собранието работи на Седници.
Собранието на ЗЈОРСМ по правило одржува Седница најмалку еднаш годишно.
Вонредна седница на Собранито може да се одржи по предлог на Извршниот одбор или по писмено барање на најмалку една третина од членовите на Здружението.
Вонредна седница на собрание се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на предлогот или барањето за одржување седница.
Членовите можат да определат преставници со писмено овластување со кое ќе го пренесат своето право на одлучување во Собранието на ЗЈОРСМ.
Секое Јавно обвинителство со пет и помалку членови има право да определи еден преставник во Собранието на ЗЈОРСМ, а Јавните обвинителства со повеќе од пет членови имаат право на по еден преставник за секој наредни започнати пет члена.
Преставниците се должни на Собранието да презентираат писмено овластување.
Кога на закажана седница на Собрание ќе се констатира дека не се присутни повеќе од половина од членовите на ЗЈОРСМ, на предлог на Извршниот одбор седницата ќе се одржи само со присутните претставници во Собранието.
Чл.21
Собранието на ЗЈОРСМ го свикува Претседателот на ЗЈОРСМ, а работењето на собранието се уредува со посебен Деловник за работа на собранието.
Собранието се свикува најмалку 15 дена пред денот на неговото одржување. Собранието може полноважно да работи ако се присутни повеќе од половина на
членовите или ако има овластени претставници за повеќе од половината на членовите и во случај кога се исполнети условите од чл.20 ст.8 од Статутот.
Собранието на ЗЈОРСМ одлуките ги донесува со јавно гласање, а за одделни прашања може да се одлучи гласањето да биде тајно.
Полноважна е Одлуката ако истата добила мнозинство од гласовите.
ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗЈОРСМ
Чл.22
Извршниот одбор е орган на управување и раководење со ЗЈОРСМ.
Чл.23
Извршниот одбор на ЗЈОРСМ го избира Собранието и го сочинуваат 13 членови.
Извршниот одбор има претседател, 2 потпретседатели, кои по функција се и претседател и потпретседатели на ЗЈОРСМ.
Чл.24
Извршниот одбор на првата седница од редот на своите членови избира Претседател и двајца потпретседатели, Секретар и благајник по предлог на самите членови на ИО.
Претседателот, потпретседателите, секретарот, благајникот и членовите на Извршниот одбор имаат мандат од 3 години со право на повторен избор.
Претседателот, потпретседателите, членовите на извршниот одбор, секретарот и благајникот на кои им истекол мандадот, продолжуваат со вршење на своите функции до изборот на нови.
Чл.25
Извршниот одбор за својата работа одговара пред Собранието на ЗЈОРСМ.
Собранието на здружението може да изгласа недоверба на Извршниот одбор и пред истекот на мандатот на Извршниот одбор.
Барање за изгласување недоверба можат да побараат најмалку третина од
членовите на здружението. Во прилог на Барањето за изгласување недоверба мора да има доставено поединечни писмени согласности за поднесување на барањето потпишани од секој член поединечно.
Гласањето за недоверба на Извршниот одбор се врши по истекот на дваесет дена од поднесувањето на Барањето за изгласување недоверба на закажано собрание од Извршниот одбор, а доколку не се свика собрание
во 10 рокот од дваесет дена, собранието го закажуваат членовите на здружението кои го поднеле Барањето за изгласување недоверба на Извршниот одбор.
Повторно Барање за изгласување недоверба не може да се поднесе пред истекот на шест месеци од денот на последното гласање за недоверба, освен ако барањето за изгласување недоверба го поднесат повеќе од две третини од членовите на здружението.
Одлуката за изгласување недоверба на Извршниот одбор се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на здружението. Доколку е изгласана недоверба на Извршниот одбор, во рок од триесет дена се свикува изборно собрание и него можат да го свикаат и членовите на здружението кои го поднеле Барање за изгласување недоверба на Извршниот одбор. Членовите на Ивршниот одбор на којшто му е изгласана недоверба остануваат на должност, односно ги извршуваат нивните функции до изборот на нови членови на Извршниот одбор.
Чл.26
Извршниот одбор работи на Седници.
Седниците на ИО ги свикува и со нив раководи Претседателот на ЗЈОРСМ. Извршниот одбор работи и на проширени седници на кои може да присуствуваат и
членовите на комисии и работни тела и други органи на покана од Претседателот на ЗЈОРСМ.
Чл.27
Извршниот одбор ги врши следните работи:
- Ги извршува одлуките на Собранието на ЗЈОРСМ,
- Донесува Деловник за своето работење,
- Врши подготовки за одржување на седници на Собранието на ЗЈОРСМ,
- Одлучува за висината и начинот на плаќањето на чланарината, - Одговара за имотот на Здружението и управува и располага со него,
- Му предлага на Собранието избор на почесни членови на ЗЈОРСМ,
- Ја одобрува годишната сметка и финансискиот извештај по предлог на Секретарот на ИО,
- Може да формира стручна служба на Здружението и ја контролира работата на истата,
- Предлага донесување, измени и дополнувања на Статутот на ЗЈОРСМ,
- Предлага програма, деловник за работа на Собранието и други акти и нивни измени и дополнувања,
- Формира постојани или повремени комисии и помошни тела заради остварување на целите и задачите на Здружението и го определува нивниот делокруг, надлежност и работење,
- Дава насоки за стручно усовршување и едуцирање на Обвинителите и други
членови на Здружението,
- Изготвува годишен извештај за својата работа и за работата на Собранието,
- Одлучува по приговори на одлуките на дисциплинската комисија,
- Го верификува приемот и престанокот на членството во ЗЈОРСМ,
- Врши и други работи според одредбите на овој Статут и другите акти на Здружението,
- формира комисија за изрекување дисциплински мерки,
- назначува член во комисијата за утврдување дисциплинкса одговорност формирана од Јавниот обвинител на Република Македонија,
- основа и раководи со солидарниот фонд на ЗЈОРСМ, за што донесува правилник и
- основа Комисија за набавки за потребите на ЗЈОРСМ, за што донесува правилник.
Чл.28
Извршниот одбор работи и одлучува на седници кои се одржуваат по потреба.
Седниците на Извршниот одбор ги свикува Претседателот на ЗЈОРСМ или ако тоа го побараат најмалку 5 члена на ИО.
Извршниот одбор работи и одлучува полноважно ако на седницата се присутни повеќе од половината членови.
Одлуките на ИО се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЈОРСМ
Чл.29
Претседателот на ЗЈОРСМ го избира Извршниот одбор на првата седница.
Чл.30
Претседателот на ЗЈОРСМ ги врши следните работи:
- Го застапува ЗЈОРСМ,
- Раководи со седниците на Собранието и Извршниот одбор на ЗЈОРСМ,
- Ги потпишува актите и одлуките донесени од Собранието и Извршниот одбор на ЗЈОРСМ,
- Претседателот за својата работа е одговорен пред Извршниот одбор и Собранието на ЗЈОРСМ,
- Врши и други работи по овластување на Собранието и Извршниот одбор и одредбите од овој Статут и
- Во случај на спреченост (осутност) Претседателот го заменува еден од потпретседателите што тој ќе го определи.
Чл.31
Извршниот одбор од своите редови избира Секретар на ЗЈОРСМ чиј мандат трае три години и може повторно да биде избран.
Чл.32
Секретарот на ЗЈОРСМ ги врши следните работи:
- Ја кординира работата на Извршниот одбор и му помага на Претседателот во вршењето на неговите надлежности,
- Учестува во подготвување на седниците на Собранието и Извршниот одбор,
- Ги подготвува и предлага годишната сметка и финансискиот извештај на Здружението и годишен извештај за работа,
- Ја води документацијата и евиденцијата на ЗЈОРСМ и раководи со стручната служба на Здружението и - Врши и други работи доверени од Собранието, извршниот одбор, претседателот и работи определени со овој Статут и актите на здружението.
VI. ФИНАСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Чл.33
Здружението се финансира од следните извори и приходи:
- Приходи од члeнарина и
- Приходи од донации.
Приходите на Здружението се користат заради остварување на целите и задачите на ЗЈОРСМ.
VII. ПРЕСТАНОК НА ЗЈОРСМ
Чл.34
ЗЈОРСМ може да престане да постои:
- Со Одлука на Собранието на Здружението донесена со двотретинскo мнозинство,
- Ако бројот на членовите на Здружението се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружението и
- Со акт или Одлука на надлежен орган.
Чл.35
По престанокот на Здружението имотот и средствата што ќе останат се користат согласно на Одлука што ја донесува Јавниот обинител на Република Северна Македонија.
VIII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Чл.36
Со донесувањето на овој Статут престанува да важи Статутот на ЗЈОРСМ од месец Октомври 2004 година.
Чл.37
Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување од Собранието на ЗЈОРСМ и се објавува на Веб страната на ЗЈОРСМ.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА