Со посетувањето на веб страната на ЗЈОРМ, значи дека сте ја прочитале содржината на документот за Политика на приватност. Со разгледување и запознавање со нашата веб страна и оваа Политика на приватност, Вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.
Информациите кои на оваа веб страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и се наменети за континуирано известување на членовите на ЗЈОРМ.
ЗЈОРМ ги вложува сите напори за навремено ажурирање на сите информации на веб страната, како и за елиминирање на техничките и фактички грешки кои повремено може да се појават, ЗЈОРМ прифаќа повратно укажување од страна на членовите на ЗЈОРМ на некоја ненамерна или техничка грешка.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи, обврски и овластувања.
Прибирање и обработка на лични податоци
Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате Вашите лични податоци. Од Вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да Ви доставиме информација која се однесува на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате.
Личните податоци ги прибираме кога Вие ќе ни ги доставите преку контакт формата единствено со цел да го обработиме Вашето барање, како дел од барање за услуги, прашања или барања за материјали што се потребни околу дејноста на ЗЈОРМ и други слични ситуации во кои сте избрале да ни доставите информации. Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во ЗЈОРМ, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна а која со договор е обврзана на заштита на личните податоци до кои ќе има пристап. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Категории на податоци кои се обработуваат
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку:
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Право на откажување
Вие имате право во секое време да ја повлечете Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци во иднина. Исто како и за претходното, само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот, освен во случаи предвидени со закон.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.