Контакт
+(389) 78 415 907

Средба на директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со новото раководство на Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија


 

Интензивирање на соработката меѓу Здружението на јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители

Претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и јавниот обвинител Спасенка Андонова, потпретседател на Здружението и Катерина Панева, член на Извршниот одбор, денеска остварија средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

На работната средба беа разгледани можностите за интензивирање на соработката помеѓу Здружението и Академијата, особено во насока на реализација на заеднички едукативни настани со кои и двете институции ќе дадат заеднички придонес во јакнењето на капацитетите на правосудството и на вештините и знаењата на јавните обвинители во Република Северна Македонија.