Здружението со поддршка на барањата на ЈОРСМ Коцевски пред пратениците за предлог-буџетот за 2026 година
Здружението на јавните обвинители во целост го поддржува денешното излагање на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски, кој денеска на почетокот на расправата за предлог-буџетот за 2026 година, пред пратениците од собраниската Комисија за финансирање и буџет алармираше за состојбата со која се соочуваат обвинителствата, во кои недостигаат финансиски средства, но и кадар. Здружението на јавните обвинители исто така уште на 23 септември писмено реагираше за недоволните средства кои се издвојуваат во буџетот за потребите на обвинителството.
Повеќе

