Контакт
+(389) 78 415 907

Соработка за јакнење на транспарентноста - средба со ЗНМ



 

Претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели и членовите на Комисијата за односи со јавноста на Здружението Искра Хаџи Василева и Билјана Арсовска го посетија Здружението на новинари на Македонија и остварија средба со претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, извршниот директор Драган Секуловски и со претставниците на извршната канцеларија на Здружението Билјана Настеска - Каланоска и Милан Спировски. На средбата беа разгледани можностите за идната соработка меѓу двете здруженија, со акцент на зајакнување на активностите за јакнење на транспарентноста на јавното обвинителство.
"Здружението на јавни обвинители ги интензивира своите активности, а во проектите кои се однесуваат на транспарентноста ќе го консултира и вклучува и ЗНМ", истакна обвинителот Вели.
Двете здруженија ги договорија и првите идни заеднички активности, кои дополнтелно ќе бидат прецизирани на директна средба на членовите на Управниот одбор на ЗНМ и на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители кон средината на март.