Потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението на јавните обвинители и Адвокатската комора
Претседателот на Здружението на јавниоте обвинители Елвин Вели и претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија Љубомир Михајловски, денеска во просториите на Комората потпишаа Меморандум за соработка со кој ги потврдија заедничките заложби за модерен и ефикасен правосуден систем.
Меморандумот има за цел размена на искуства, знаење, едукација и усовршување кадри во областите во кои двете страни имаат заеднички интереси.
Согласно Меморандумот, Здружението и Комората ќе соработуваат и меѓусебно ќе се поддржуваат преку: организирање и заедничко учество во стручни и научни проекти, анализи, советувања, работилници и други професионални состаноци, ќе разменуваат искуства во организација на континуирана правна обука, ќе разменуваат правна литература и истражувачки извештаи, а договорена е и соработка меѓу стручните служби на договрните страни.