Обука за истраги при труење диви животни
Јавни обвинители од основните јавни обвинителства во Битола, Ресен, Прилеп и Кавадарци посетуваат еднодневна обука за истраги при случаи на труење диви животни, чија цел е да ги упати локалните полициски, инспекциски и истражни органи во стандардните опреативни протоколи кои треба да се следат при случаи на труење на дивиот свет.
Двете еднодневни обуки на 6 ноември во Кавадарци и на 7 ноември во Битола се организраат во соработка меѓу Македонското еколошко друштво и Здружението на јавните обвинители. Обуките, во рамките на проектот Балкан Детокс Лајф финансиран од EU LIFE програмата, треба да им помогнат на надлежните истражни и инспекциски органи успешно да ги идентификуваат случаите на труење на дивите животни и да се запознаат со соодветните мерки кои треба да се преземат на местото на настанот, вклучувајќи правилно собирање на доказите, нивно етикетирање и транспорт до соодветни лаборатории.
Предвачаи на обуките се претставници на различни надлежни институции - Државен инспекторат за животна средина, Агенција за храна и ветеринарство, Институтот за биологија, Факултетот за безбедност и други.